Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:
Македонски родови: Во маалото Каваклија има околу (35 к.). Поедини родови се: Баратлици (6 к.), Арнаутовци (4 к.), Долномалци (2 к.), Радичковци (1 к.) и др. - во маалото Пералиште има околу (25 к.). Се делат на Аџијинци, Мирашовци, Прекопевци, Мандарци, и др. - во маалото Маковиште има околу (20 к.) - во маалото Ѓорговци има околу (18 к.). и се делат на Качаровци, Адвокатци и Грковци. - во маалото Бабунци има околу (10 к.) - во маалото Каишовци има околу (9 к.) - во маалото Котарица има околу (6 к.). - во маалото Мишинци има околу (5 к.). - и во маалото Мајаница има околу (5 к.).
Помеѓу населението во наведените маала доминираат доселениците. За населението во маалото Бабунци, и името кажува дека се доселени од околината на Бабуна (велешко). За населението во маалото Котарица се зборува дека се доселени од околината на Врање. Во маалото Маковиште има доселеници од Врбица кај Кратово. Во маалото Ѓорговци има доселеници од Млаки исто така кај Кратово. Во маалото Пералиште има доселеници од селото Нежилово кај Кратово. Во маалото Кајиш има доселеници од еден куп села (таму е збркотија). Во маалото Каваклија, родот Арнаутовци е доселен од селото Млаки кај Кратово. И го знаат следното родословие: Кољо (жив на 56 г. во 1973 година) Петар-Димитрија-Стамен-Ристо-Златан, се доселил неговиот татко.
Православни Роми:Моневци (10 к.), Трајковци (4 к.), Митевци (1 к.) и останати (5 к.) во време на истражувањата еден Ром рекол: едни се иселуваат од ова село, а
Доселеници:Грковци (10 к.) доселени се околу 1825 година од околината на Бабуна во Велешко; Бутни-Колиба (1 к.) доселени се околу 1885 година од околината на Врање во Србија; Ѕуринци (6 к.) доселени се околу 1850 година од селото Одрено; Буја (1 к.) и они се доселени од селото Одрено, околу 1870 година; Шоповци (2 к.) доселени се пред 1875 година од селото Радовница во Горна Пчиња (денес Србија), основачот на родот се доселил со неговата мајка, после премажувањето на мајката; Бабунци (1 к.) малку пред 1875 г. се доселил од Кратово. Уште постаро потекло од околината на Бабуна во Велешко; Јанковци и Филибајци (3 к.) доселени се во 1939 година од селото Крилатица;
Со непознато потекло:Стоилкови (3 к.), Спасинци (6 к.) и Митеви (3 к.), православни.
Доселеници:Васкови (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Степанци кај Куманово. Православни.
Шабановци (1 к.) доселени се во 1918 година од Крива Паланка. Они биле муслимани.[10]
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Опила се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнци, Гулинци, Љубинци, Одрено, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.
Чифлик - Бабунци — некропола од железното, доцноантичкото време и средниот век.
Иселеништво
Од 1948 до 1973 година ова село е смалено за 159 луѓе. Од ова село се иселувало младото население. Населението воглавно се иселувало во Скопје. Понатака се знае и за иселеници на следните места. Пеширово (Поповци, Митовци, Арнавудовци, Трајковци, Дрлевци и Јаќимовци). Таму се иселени и православни Роми (Пешовци). Во селото Горно Црнилиште четири семејства. Три семејства на православни Роми во селото Горобинци. И Арсовци и Митровци во селото Доброшане.[9]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“