Орашје
Орашје — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово. Селото Орашје е поделено на два дела. Главното село се наоѓа во близина на регионалниот пат 1203, кој води до граничниот премин Јажинце, додека издвоениот дел наречен Долно Орашје се наоѓа на самиот регионален пат 2234, кој води за селото Јегуновце. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на крајниот североисточен дел на областа Долен Полог, на територијата на Општина Јегуновце, чиј атар се допира со просторот на Скопската Котлина.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 620 метри. Од градот Тетово е оддалечено 27 километри.[2] Во непосредна близина на селото поминува регионалниот пат 1203, кој го поврзува Тетово со граничниот премин „Јажинце“. Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на Полог во долината на Вратничка Река. Околу села се Нераште на југозапад, Вратница на северозапад и Старо Село на север.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Жеден, Дол, Карце, Зебљак, Кале, Вратничка Река, Марков Камен, Горно Поле, Долно Поле, Дервен, Млаче, Ограде, Суа Река, Вардар, Три Меѓи, Магаречки Дол, Рид и Стожер.[3] Селото има збиен тип со една главна улица околу која се куќите. Поделено е на три маала: Мал Зез, Суљалар и Теш.[3] Долно ОрашјеДолно Орашје се наоѓа четири километри југоисточно од главното село Орашје непосредно покрај Вардар во Дервенската Клисура. Над Долно Орашје се наоѓаат остатоците на старата населба наречена Градиште. Поради ова Градиште, во литературата оваа населба е забележана и како Орашко Градиште. Месностите ги носат следниве имиња: Градиште или Каља, Прслина, Буџак, Река Саат (Сува Река), Вардар и Шулон (Присој).[3] ИсторијаОрашје е старо село, кое најпрвин било населено со православни Македонци. Тие побегнале од Градиште, околу 4 километри јужно од селото. Овие први родови на селото подоцна се иселиле, а еден род кој останал бил исламизиран. Од крајот на XVIII век, Орашје растело со доселување и природниот прираст на муслиманските Албанци.[3] Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година Орашје е забележано како село со 5 домаќинства.[4] Денес, се знае за следниве иселени православни македонски родови од Орашје, кои отишле во соседните села. Тоа се Краговци (2 к.), кои живеат во Старо Село. Тие во Орашје имале предок Крага, кој се иселил во Старо Село, но неговиот брат останал во Орашје, каде го примил исламот и се албанизирал. Од братот потекнува орашкиот род Куљаш (18 к. во Орашје, а 5 к. преминале во Долно Орашје). Друг иселен македонски род е Мажиќевци (3 к.), кои живеат во Вратница. За нив се говори дека во Орашје имале тројца предци, кои биле браќа. Еден го примил исламот и останал во Орашје, другиот се иселил во Старо Село, а третиот во Вратница.[3] Долно ОрашјеДолно Орашје повторно се населило во 1915 година со членови на родот Куљаш (5 к.). Тие се преместиле во Долно Орашје, откако нивните куќи во Орашје биле запалени, а во Долно Орашје имале трла. Овие трла ги направиле куќи, а околу куќите со сечење на шумата направиле обработливи површини. Родот Куљаш (или Аметовци, по предокот Амет) е гранка на исламизираниот и албанизираниот словенски род во Орашје, каде биле староседелци.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 9,4 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 365 хектари, на шумите отпаѓаат 323 хектари, а на обработливото земјиште 144 хектари.[2] Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2] Долно ОрашјеМештаните се занимавале со земјоделство, сточарство и работеле во рудникот Радуша.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орашје живееле 195 жители, сите Албанци.[5] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Орашје е село во Рогачевската општина и има 56 куќи со 371 жител, Албанци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци и 100 Македонци, додека во населбата „Станица Орашје“ живееле 50 Албанци.[7] Орашје во 1961 година имало 645 жители, од кои 605 биле Албанци, 36 Турци и тројца жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 929 жители, а селото е исклучително населено само со албанско население.[2] Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Орашје, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1] Според пописот од 2002 година, во селото Орашје живееле 1.084 жители, од кои 1.078 Албанци, 1 Бошњак и 5 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 625 жители, од кои 569 Албанци и 56 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДенес, Орашје е албанско муслиманско село, иако во минатото во него живеело само македонско православно население. Денешните родови се чисто албански, додека некои се исламизирани и албанизирани Словени.[3] Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
ИселеништвоОд почетокот на XIX век од ова село почнало да се иселува старото православно население. Се знае за иселеници на следните места од старите православни семејства од ова село. Краговци, иселени се во селото Старо Село. Мажиќевци, иселени се во селото Вратница.[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Орашје било село во Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Вратница. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Вратница, во која покрај селото Орашје, се наоѓале и селата Беловиште, Вратница, Јажинце, Нераште, Одри, Првце, Рогачево и Старо Село. Општината Вратница постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Беловиште, Вратница, Јажинце, Одри, Орашје, Рогачево и Старо Село. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 2133 и 2134 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.110 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.143 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|