Отоманска Триполитанија
Отоманска Триполитанија претставувал крајбрежен реон во Отоманското Царство во периодот од 1551 до 1911 година. Од 1864 година реонот бил претворен во вилает отомански јазик: ولايت طرابلس غرب ). Триполитанија се наоѓала на територијата на денешна Либија и во историјата била позната како Триполитанско царство иако технички не претставувала царство туку османлиска провинција каде владееле паши. Во периодот од 1711 до 1835 година управувала династијата Караманли како наследни монарси. Покрај Триполитанија, Барса исто така била дел од провинцијата[2]. ОсвојувањеДо почетокот на 16 век либискиот брег имал минимална централна власт и најчесто била под владение на пиратите. Во 1510 година Шпанија го окупирала Триполи. Шпанските сили повеќе се занимавале со контролата на морето отколку со непријателите во земјата. Во 1530 година Малта заедно со Гоцо биле отстапени на витешкиот Малтешки ред како награда за нивната помош во војната за Родос против Османлиите. Христијаните со Триполи владееле до 1551 година кога територијата била заземена од познатиот отомански адмирал Синан Паша и Тургут Рејс. Тургут подцна бил прогласен за паша на Триполитанија. Слично како во останатите соседни земји, така и Триполитанија имала голема автономија во управувањето. Така Магреб бил поделен на три провинции и тоа Алжир, Тунис и Триполи. По 1565 година администрацијата во Триполи била дадена на јаничарите кои станале доминантна сила во Либија. Караманлиска династијаВо 1711 година, Ахмед Караманли ја основал истоимената династија која со земјата владеела 124 години. Во тие години се случила и Либиската граѓанска војна (1791-1795). Во 1801 година Јусуф Караманли побарал зголемување на данокот на Соединетите Американски држави за заштита на нивната трговија од пирати. Но американската млада држава го одбила барањето и го блокирала пристаништето со Триполи каде војната траела до 1805 година. Обнова на османлиската властВо 1835 година владата на султанот Махмуд II ги искористила локалните нереди и ја вратил својата директна власт во земјата. Старото домородско движење на чело со Саид Мухамед Али повикало на спротивставување против османлиската власт. Османлиско-италијанска војнаОсманлиско-италијанската војна била воен конфликт помеѓу Италија и Османлиското Царство, во периодот од 1911 до 1912 година. Во историографијата често е нарекувана Триполитанска војна. Воените дејствија заппочнале на 29 септември 1911 година, а мировниот договор бил потпишан во Лозана на 18 октомври 1912 година. Според договорот, територијата на денешна Либија попаднала под Италија. ПоврзаноНаводи
|