ПероксидПероксиди — група соединенија со градбата R–O–O–R, каде буквите R претставуваат радикал (дел од целосна молекула[1]), а буквите O се поединечни кислородни атоми.[2][3] Кислородните атоми се сврзани меѓусебно и со соседни елементи преку единечни ковалентни врски, означени со испрекинати или полни линии. Групата O–O во пероксидот често се нарекува пероксидна група, иако постојат извесни номенклатурни несогласувања. Овој спој се смета за заеднички повеќеатомски јон и постои во многу молекули. Општа градбаКарактеристичната градба на пероксидот е кислородно-кислородна единечна ковалентна врска, која меѓусебно ги поврзува двата главни атоми. Во случај молекулата да нема хемиски заменители, пероксидната група ќе има нето полнеж [-2]. Секој кислороден атом има полнеж -1 бидејќи пет негови валентни електрони остануваат во надворешната орбитална обвивка, а еден е зафатен во ковалентната врска. Поради природата на ковалентната врска, од овој распоред следува дека секој атоом има еквивалент на 7 валентни електрони, редуцирајќи ги кислородите и давајќи им негативен полнеж. На овој полнеж влијааат другите додадени елементи, така што својствата и градбата се менува зависно од додадената група или групи. Чести облициНајчест пероксид е водород пероксидот (H Покрај водород пероксидот, други најважни класи на пероксиди се следниве:
НоменклатураСпојот помеѓу кислородните молекули е наречен пероксидна група (понекогаш пероксо-група, пероксилна група, перокси-спој). Номенклатурата на пероксидната група може да се разликува,[4] и претстаува исклучок од правилата за именување на повеќеатомски јони. Ова се должи на тоа што групата се сметала за едноатомска кога е откриена.[5] Поимот го вовел шкотскиот хемичар Томас Томсон во 1804 г. за соединение здружено со што повеќе кислород,[6] или пак оксидот со најголемо количество на кислород.[7] Наводи
|