Платерескен стилПлатерескен стил (од шпански: plateresco со значење „кујунџиски“ ) — уметничко движење, поточно архитектонски стил, развиен во Шпанија и нејзините територии, кое се појавило во периодот помеѓу доцната готика и раната ренесанса кон крајот на XV век и се проширил во следните два века. Овој стил е модификација на готските просторни начела и е еклектична мешавина од стилови како Мудехар, заедно со примеси на ломбардски декоративни компоненти и ренесансни елементи од тосканско потекло.[1] Примери за овој синкретизам се додавањето на штитови и шилести врвови на фасадите, столбови во ренесансно неокласичен стил и фасади поделени на три дела (во ренесансната архитектура се поделени на два). Својот врв овој стил го достигнал за време на владеењето на Карло V, Светиот римски цар,[2] и тоа особено во Саламанка, но исто така процветал и во други такви градови на Пиринејскиот полуостров како Леон и Бургос и на територијата на Нова Шпанија, денешно Мексико .[1] Многу научници до скоро го сметале платерескот како вид на ренесансен стил. За некои други, тој претставувал стил сам по себе, а понекогаш бил карактеризиран и како проторенесанса .[3][4] Некои пак го нарекувале Првата ренесанса и одбивале да го сметаат за стил сам по себе, притоа разликувајќи го од не-шпанските а ренесансни дела.[5] Стилот се одликува со декоративни фасади најчесто со цветни дизајни, лустери, фестони, фантастични суштества и слични конфигурации.[2] Просторната конфигурација од друга страна пак, е јасно инспирирана од готиката. Ваквото фокусирање на специфични делови и нивното меѓусебно растојание, без структурални промени на познатата готската шема, предизвикало овој стил да биде нарекуван еден вид варијација на ренесансниот стил.[6] Во Нова Шпанија, Платерескот се здобил со сопствена конфигурација, врзувајќи се за своето потекло од стилот Мудехар и мешајќи се со традициите на домородните американци кои живееле таму . Во Шпанија, неговиот развој е најзабележителен во градот Саламанка, иако постојат примери во повеќе градови од различни региони на земјата. Во 19 век со подемот на историзмот, платерескниот стил бил оживеан повторно под името Монтереј Стил .[7] ЕтимологијаТерминот Платереск потекнува од златарскиот или кујунџискиот занает. Диего Ортиз де Зига го употребил за прв пат, применувајќи го во Кралската капела на катедралата во Севиља во 17 век.[1][2] Проблеми со географската област на потекло и признавањето како засебен стилТрадиционално платерескниот стил се сметал за исклучиво „шпански“ стил, термин кој се однесувал на архитектурата на сите територии кои биле под окупација на шпанската круна помеѓу 15тиот и XVII век. Така било сè до средината на 20 век кога оваа географска конотација била доведена под прашање со аргументите на неколку автори, особено на Камон Азнар (1945) и Розентал (1958), кои го дефинирале Платерескот како унитарен спој на елементи, и тоа - готски, муслимански и ренесансни. Азнар не го сметал за ренесансен стил, а Розентал пак го нагласувал неговото постоење во одредени градби во други европски земји, главно во Франција и Португалија.[3][5][8] ОдликиШпански платерескТипичните декоративни фасади во овој стил, како и уметничките дела зад олтарите, биле изработени толку внимателно па наликувале на дела изработени од златари. Декорацијата, црпела инспирации од секаде но во главно преовладувале мотивите на растенија, како и изобилство на медалјони и животински фигури. Зголемувањето на декоративноста на сите архитектонски површини довела до создавање на нови подпростори, кои пак биле украсени во уште поголема мера, како што се нишите и едикулите .[9] Италијанските елементи исто така се развивале постепено како украс: рустификациите, класичните капители, римските и особено гротескните лакови.[10] Американски платерескВо Америка, особено на територијата на денешно Мексико, разни домородни култури биле во одредени фази на развој кои можело да се сметаат за барокни, во времето кога Шпанците со себе го донеле платерескниот стилот. Овој европски феномен бил симбиотички измешан со локалните традиции, така што чистата готска архитектура никогаш не била изградена во Америка, туку платерескниот стил во симбиоза со тамошните традиции набрзо се развил во она што денес се нарекува американски барок. ИсторијаПлатерескниот стил ја следел линијата на тн. Изабелински готски стил, каде декоративните италијански елементи се комбинираат со ибериските традиционални елементи за да формираат комплексни украсни структури кои ги надминуваат оние готските. Овој стил ги задржал готските форми како основа сè до 1530тата година. По таа година, иако тој продолжил да се користи, а орнаментите од Платерескот сè уште се развивале, тој станал дел од архитектурата што започнала да вклучува идеи ренесансни идеи. Во 1563 година, со почетокот на изградбата на манастирот Сан Лоренцо де Ел Ескоријал, ренесансната архитектура била прочистена преку интервенциите на Хуан де Ерера, со што завршил раскошот и ширењето на платерескниот стил на Пиринејскиот Полуостров.[3] Но, во Мексико тоа не било заборавено, па довело до тн. неоплатерескен стил во XVIII век. ПримериПлатерескни архитекти и уметници
Платерескни згради, архитектонски елементи и други дела
ПоврзаноНаводи
|