Променлива ѕвезда од типот на BY ЗмејПроменлива ѕвезда од типот на BY Змеј — вид променливи ѕвезди од доцни спектрални типови како K и M, обично во главната низа. Наречен е по неговиот прототип, ѕвездата BY Змеј (BY Dra). Покажуваат промени во сјајността кои се должат на вртењето на ѕвездата, ѕвездените дамки и други хромосферни активности.[1] Последичните сајносни колебања обично се во износ помал од 0,5 величини. Светлинските криви на променливите од типот на BY Змеј се квазипериодични. Периодот е близок на средната вртежна стапка на ѕвездата. Светлинската крива е неправилна во траењето на периодот и во мала мера го менува обликот од еден период на друг. Кај ѕвездата BY Змеј обликот останува сличен во траење од еден месец.[1] Блиски K- и M-ѕвезди кои се променливи од типот на BY Змеј се Барнардовата Ѕвезда, Каптајновата Ѕвезда, 61 Лебед, Рос 248, Лакај 8760, Лаланд 21185 и Лаутен 726-8. Рос 248 е првата откриена ѕвезда од овој тип, чија променливост ја забележал Џералд Крон во 1950 г. Променливоста на самата BY Змеј е откриена во 1966 г. и подробно проучувана од Павел Чугајнов во периодот од 1973 до 1976 г.[2] Некои од овие ѕвезди даваат болскоти, што дава повеќе разновидности на типот UV Кит.[3] На истиот начин, спектрите на променливите од типот на BY Змеј (особено нивните H- и K-линии) се слични на RS CVn-ѕвездите, кои се друга класа на променливи ѕвезди со активни хромосфери.[4] Наводи
Литература
|