Пуста земјаПуста земја (англиски: The Waste Land) - поема на англискиот поет Т. С. Елиот од 1922 година. СодржинаПоемата се состои од пет песни:[1]
Поемата завршува со формалниот крај на „Упанишадите“: Шанти, шанти, шанти (Shantih shantih, shantih).[2] За збиркатаЗа првпат, збирката била објавена во октомври 1922 година, во „Крајтирион“ (The Criterion). Таа му е посветена на Езра Паунд, со зборовите il miglior fabbro („подобриот мајстор“), што се однесува на значителната помош што Паунд му ја дал на Елиот во редактирањето и преобликувањето од подолгиот ракопис во скратената верзија што била објавена.[3] Пред посветата на Паунд е наведен следниов текст:[4] 'Nam Sibyllam quidem Cumis ego ipse
Поемата била напишана во тежок период од личниот живот на Елиот: неговиот брак се распаѓал, а тој и неговата сопруга Вивиен страдале од нервни пореметувања. Песната често се чита како отсликување на разочарувањето на повоената генерација.[5] Во годината на нејзино објавување, Елиот живеел во Лозана, Швајцарија, каде закрепнувал од нервен слом. Таму го напишал последниот дел „Што кажа громот“ (What the Thunder Said), каде што често се споменуваат планини.[6] Белешки кон поематаПокрај песните, поемата содржи и белешки, напишани од Т. С. Елиот, во кој тој дава објаснување на мотивацијата, на инспирацијата и на значењето на одделни стихови. Така, на почетокот од белешките, Т. С. Елиот наведува дека не само насловот, туку и планот и добар дел од повремениот симболизам на поемата биле сугерирани од книгата на г-ца Џеси Л. Вестон за легендата за светиот Грал, „Од ритуал до романса“ (From Ritual to Romance), искажувајќи голема благодарност до неа. Исто така, Елиот истакнал уште една книга од областа на антропологијата која извршила длабоко влијание врз него - „Златната гранка“ (The Golden Bough) на Џејмс Џорџ Фрејзер.[7] Во однос на песната „Закопот на мртвите“, Т. С. Елиот, во своите белешки, се повикува на разни извори, како: извадоци од Библијата, „Тристан и Изолда“, играта со карти „тарот“, стихови на Бодлер, како и стихови од „Пеколот“ на Данте.[8] За „Партија шах“ се дадени забелешки кои упатуваат на следниве извори: „Антониј и Клеопатра“ на Шекспир, „Енеида“ на Вергилиј, „Изгубениот рај“ на Џон Милтон итн.[9] Во однос на песната „Огнената проповед“, Т.С. Елиот се повикува на: „Проталамион“ на Спенсер, „Бура“ на Шекспир, „Парсифал“ на Верлен, Овидиј, Сафо, „Чистилиштето“ на Данте, „Исповедите“ на св. Августин, Огнената проповед на Буда (од каде што е позајмен насловот на оваа песна) итн.[10] Забелешките што се однесуваат на песната „Што рече громот“ се поврзани со: песната на северноамериканската птица Catharus guttatus, привиденијата на членовите на една експедиција на Антарктикот, „Поглед на хаосот“ (Blick ins Chaos) на Херман Хесе, Упанишадите, „Пеколот“ и „Чистилиштето“ на Данте, „Од ритуал до романса“ на Џеси Вестон, сонетот El Desdichado на Жерар де Нервал, „Шпанската трагедија“ на Кид итн.[11] Критички осврт кон збиркатаНаводи
|