Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од Беровското Езеро (нарекувано и Ратевско Езеро).[2] Селото е ридско, на надморска височина од 860 метри. Од градот Берово е оддалечено 7 километри.[2]
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.843 хектари, на шумите отпаѓаат 1.205 хектари, а на пасиштата 836 хектари.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[6]
Селото е големо, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото имало 1.229 жители, од кои 1.176 биле Македонци, a 53 жители биле Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 910 жители, од кои 905 Македонци и 5 Роми.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 844 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 630 жители, од кои 612 Македонци и 18 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ратево, во која единствено село било Ратево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Ратево се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Смојмирово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0013 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
Ратевски бамбурци (20 јануари) — жителите се маскираат со маски направени од животински кожи; карневалот има вековна традиција која се одржала до денес, со идеја маските и звукот од прапорците да ги избркаат лошите духови.[19]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 април 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.