Ричард Волтер Џенкинс Џуниор 10 ноември 1925(1925-11-10) Понтридифен, Велс
Починал(а)
5 август 1984(1984-08-05) (возр. 58) Селињи, Швајцарија
Занимање
Глумец
Активен период
1943–1984
Сопружник
Сибил Вилијамс (в. 1949; раз. 1963) Елизабет Тејлор (в. 1964; раз. 1974) (в. 1975; раз. 1976) Сузи Милер (в. 1976; раз. 1982) Сели Хеј (в. 1983)
Деца
3
Ричард Бартон (анг: Richard Burton; роден Ричард Волтер Џенкинс Џуниор; 10 ноември 1925 - 5 август 1984 ) бил велшки глумец[1] препознатлив по неговиот баритонски глас.[2][3] Ричард Бартон се етаблирал како извонреден глумец во Шекспировите драми во 1950-тите, а исклучително добро го одглумил Хамлет во 1964 година. Критичарот Кенет Тинан го нарекол „природен наследник на Оливие“. Сепак, Бартон не успеал да ги исполни тие очекувања [4] и разочарал некои критичари и колеги, а неговата склоност кон алкохолизмот [3] придонела да стекне имиџ како одличен глумец кој залудно го потрошил својот талент.[3][5] Сепак, тој се смета за еден од најпознатите глумци од неговата генерација.[6]
Ричард Бартон седум пати бил номиниран за Оскар, но не освоил ниту еден. Добил БАФТА, Златен глобус и Тони награди за најдобар глумец. Кон средината на 1960-тите, Бартон бил меѓу најпопуларните филмски ѕвезди.[7] На крајот од 1960-тите, Бартон бил еден од најплатените глумци во светот и добивал хонорари од преку 1 милион долари плус дел од бруто приходите.[8] Бартон во јавната бил познат и по бракот со неговата втора сопруга, глумицата Елизабет Тејлор. Турбулентната врска на двојката, во која двапати се венчале и двапати се разведувале, била ударна вест во тоа време.[9]
Во Југославија бил познат и по тоа што го глумел Јосип Броз Тито во филмот „Сутјеска“ во режија на Стипе Делиќ.
Номинација - Награда Тони за најдобар глумец во претстава
1965
The Spy Who Came in from the Cold
Награда БАФТА за најдобар британски глумец (исто така за Кој се плаши од Вирџинија Вулф?) Награда Дејвид ди Донатело за најдобар странски глумец Лорел награда за врвна машка драмска изведба Номинација - Оскар за најдобар глумец
Награда БАФТА за најдобар британски глумец (исто така за Шпионот кој влезе од студот) Награда Бамби за најдобар меѓународен глумец Лорел награда за врвна машка драмска изведба Награда од Националното друштво на филмски критичари за најдобар глумец (второ место, изедначено со Макс фон Сидов за Хаваи) Награда од Њујоршката филмска критика за најдобар глумец (второ место) Номинација - Оскар за најдобар глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма
1967
Кротење на опаката
The Taming of the Shrew
Дејвид ди Донатело за најдобар странски глумец (изедначено со Питер О'Тул за Ноќта на генералите) Номинација - БАФТА за најдобар британски глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмски мјузикл или комедија
1969
Anne of the Thousand Days
Номинација - Академија за најдобар глумец Номинација - Златен глобус за најдобар глумец - филмска драма