Ричард (Прв ерл од Корнвол)
Ричард од Корнвол (5 јануари 1209 - 2 април 1272) бил гроф од Поатје, Ерл од Корнвол и германски крал. Како еден од најбогатите луѓе во Европа, тој се приклучил кон Шестата крстоносна војна, каде постигнал успех како преговарач за ослободување на затворениците, кои подоцна му помогнале во изградба на тврдина околу Аскалон. Ричард бил син на англискиот крал Јован Безземниот, како и брат на Хенри III. Неговите приходи од големата земја која ја поседувал му овозможиле да се здобие со огромно богатство. Тој на трипати се побунил против власта на неговиот брат, но секогаш му било надоместувано со огромни богатства. Тој во 1235 година стапил во брак со ќерката на Фридриџ II, царот на Светото Римско Царство, Изабела. Во 1231 година се оженил за Изабела Маршал, и истата година се здобил со Валингфордскиот дворец, за кого потрошил многу пари за да го реконстриуира. По смртта на неговата сопруга во 1240 година, тој заминал во крстоносна војна. Во текот на војната, тој успешно преговарал за ослободување на затвореници, кои подоцна му помогнале да ја обнови тврдината во Аскалон, тоја била разрушена од страна на Саладин.
|