Share to:

 

Севернокорејски календар

Севернокорејски календар или џуче-календар — систем за одбројување на годините кој се користи во Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја).

Историја

Календар е воведен во 1997 година и се заснова на датата на раѓање на Ким Ил Сунг 15 април 1912 г. Оваа година се зема за џуче 1 и целиот систем започнува од таму. Не постои џуче 0. Џуче-календарот ги задржал традиционалните месеци и денови во месецот од грегоријанскиот календар. Па за да се пресмета, џуче-годината по 1912 г., едноставно се одзема 1911.

Примери

Џуче-година Грегоријанска година Дангун година
1 1912 4245
51 1962 4295
100 2011 4344
101 2012 4345
102 2013 4346
103 2014 4347

Практична употреба

Во многу случаи за употреба надвор од Кореја џуче-календарот е запишана по соодветната Грегоријанска година т.е. 12 јуни 2007 г. (џуче 96). Но, повеќето ДНР-Корејски институции ја поставуваат Грегоријанската година на второ место на следниов начин 12 јуни џуче 96 (2007 г.).

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya