Симитли
Симитли (бугарски: Симитли) — град во северозападна Пиринска Македонија, денес во Благоевградската област, Бугарија. Сместен е недалеку од Горна Џумаја (Благоевград) и претставува седиште на Општина Симитли. ГеографијаГрадот се наоѓа на 14 км јужно од Горна Џумаја и 48 км северно од Свети Врач (Сандански). Сместено е во Симитлиската Котлина, на падините на планините Рила, Пирин и Влаина. Реката Струма го дели на два дела — самиот град Симитли и населбата (поранешно село) Ораново, каде во Струма се влева притоката Градевска Река. На исток се западните ограоци на Рила и Пирин, а на запад е Влаина. На 25 км од градот, на Влаина се издига впечатливата карпеста образба Коматински Карпи (Коматински Скали). ИсторијаСимитли е старо село и седиште на повеќе села од истоимената котлина. Неговиот развој низ минатото се должи на присуството на дваесет минерални извори со температура од 56 до 60 °C и вкупен истек од 720 л/мин. Во минатото водата се користела за домашни потреби, но во 1930-тите е изградена бања, а потоа е спроводи за загревање на стакленици. Друг поважен чинител за развојот на местото е неговата клучната местоположба меѓу долоните на реките Струма и Места. Селото првпат се споменува во XV век како Бања, a во XVI век веќе е наречено Симитлу. Според едни, името на градот произлегува од белото лепче симит, а според други произлегува од средишната местоположба на местото, т.е. од симен, што значи средиште. Во XIX век Симитли било село со мешано население во состав на Горноџумајската каза. Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за Симитли:
Кон 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) селото Симитлиј има вкупно 820 жители, од кои 780 биле Помаци[1], а 40 биле Роми.[4] За време на Првата балканска војна кај селото се одиграла битка помеѓу VII пешадиска рилска дивизија и отоманската војска. По Втората балканска војна целото муслиманско население е иселено, а во 1916 г. селото било во рушевини.[5] На нивно место се доселиле бегалци од другите краишта на Македонија, како и жители од околните села Сухострел, Докатичево, Тросково, Градево и др. Во минатото Симитли извезувал дрвена граѓа од планините Рила и Пирин. Во 1934 г. Симитли и Ораново заедно имале околу 2.200 жители, во 1946 г. населението пораснало на 2.918, во 1992 тоа изнесувало 7.466, а во 1997 броело 7.684 жители. Црквата „Рождество на пресв. Богородица“ е изградена во 1923 г.[6] В 1943 г. името Симитли е сменето во Изворите, но во 1945 г. е повратено. Во 1964 г. Симитли е прогласено за град.[7] Во следната 1965 г. кон градот е припоено селото Ораново,[8] а во 1969 г. Симитли станало град.[7] СтопанствоВажен чинител во развојот на Симитли е крстопатната положба, каде магистралата Софија-Горна Џумаја-Солун-Атина се пресекува со стариот пат од Малашево-Сухострел-Разлог за Неврокоп (Гоце Делчев). Во Симитли се ископува јаглен, и тоа од коповите „Ораново“ крај градот и „Пирин“ во Брежани, од кој по жичница јагленот се доставува до железничката станица во градот. Има дрвопреработувачко претпријатие во кое се изработуваат најразлични производи и конструкции од зимзелени и листопадни дрва. Дрвената граѓа се добива од месните насади, но и се носи од Разлог, Кресна, Катунци и други места. Во земјата се присутни и ретки метали. Во градот работат и мали претпријатија за трикотажа, огледала, санки и др. Во околината на градот се присутни металопреработувачката дејност (с. Черниче) и производството на обувки (с. Крупник). Овие села доживеале таков раст што денес се речиси споени со Симитли. Тука е развниена тутунската индустрија, овоштарството (праски, сливи, јаболка), зеленчукарството и лозарството. Се развива и сточарството, со нагласок на млечните производи. Редовни настани
ЗанимливостиПо градот е наречен ’ртот Симитли на островот Рагед на Антарктикот.[9] КултураВо градот работат две играорни друштва – „Веселие“ и ансамблот при читалиштето „Св. Климент Охридски“. Извори
Наводи
Надворешни врски
41°53′N 23°7′E / 41.883°N 23.117°E{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница |