Смртта на трговскиот патникСмртта на трговскиот патник (англиски: Death of a Salesman) - драма на американскиот писател Артур Милер од 1949 година. За драматаДрамата содржи два чина и еден реквием. Од критиката, таа е оценета како ремек-дело и како најдобар драмски текст на Милер. Критичарите ја оценуваат како „приказна за Пепелашка во облик на маж“ (Хоган), како модерна верзија на „гинтизмот“ (Геснер), но и како осуда на „американскиот сон“.[1] ЛиковиВо дарамата се појавуваат следниве ликови:[2]
СодржинаПрв чинТрговскиот патник Вили ненадејно се враќа дома, бидејќи не бил во состојба да вози и за малку ќе направел сообраќајна незгода. Тој е растроен и се чувствува многу уморен од работата и животот. Во неговиот дом се наоѓаат Биф и Хепи, неговите два сина, кои му дошле во посета. Вили е во лоши односи со Биф, бидејќи не е задоволен од неговиот начин на живот. Имено, Биф нема успех во животот поради што е во постојани расправии со татко му. Исцрпениот Вили одвреме-навреме губи врска со реалноста, си зборува сам со себе и му се причинуваат некои ликови од неговиот живот. Така, често „зборува“ со постариот брат, Бен, кој во младоста заминал во Алјаска и таму се збогатил. Поради тоа, Вили си префрла самиот на себе, бидејќи не ја прифатил поканата на Бен да му се придружи во Алјаска.
Втор чинУтредента, Биф оди во посета на еден познајник со намера да позајми пари, но неговиот обид доживува целосен неуспех. Истовремено, Вили оди кај сопственикот на фирмата и го замолува да му даде работа во Њујорк, но наместо тоа, тој добива отказ од работата. Разочаран, Вили го посетува соседот Чарли, кој одвреме-навреме му дава пари на заем за да може да ги покрие секојдневните животни трошоци. Хепи и Биф се среќаваат во еден ресторан, чекајќи да им се придружи татко им. Таму, тие запознаваат една убава девојка (г-ца Форсајт). Во ресторанот доаѓа Вили, целиот во бунило, но со надеж дека Биф успеал да најде пари. Биф безуспешно се обидува да му објасни за неуспехот, но Вили воопшто не сака да го слуша. Тогаш, Вили запаѓа во бунило и „разговара“ со жената со која во мминатото имал љубовна врска во еден хотел во Бостон. Тоа се случило дента кога Биф паднал на испитот по математика, па набрзина отпатувал во Бостон за да се види со татко му, барајќи помош од него. Кога влегол во хотелската соба, младиот Биф ја видел жената и целосно се разочарал и тогаш му се скршила волјата за напредок во животот.
РеквиемНа погребот на Вили се присутни само неговото семејство, Чарли и Бернард, иако целиот живот Вили се фалел со тоа дека е омилен кај луѓето и дека има голем број пријатели.[5] Наводи
|