Смрча
Смрча (науч. Picea) — род на иглолисни зимзелени дрва со околу 35 вида. Припаѓа на семејството на боровите (Pinaceae), а најзастапена е во умерениот појас и подрачјата со тајга ширум светот. Смрчите се големи дрва, со висина од 20–60 метри и се одликуваат со конусниот облик на крошната кога се млади. Игличките се четирирабни и прицврстени во снопчиња. Игличките ги јадат ларвите на неколку вида на пеперутки. Смрчата во МакедонијаВо Македонија растат неколку вида на смрча, од кои како автохтона се јавува само обичната смрча (P. abies).[1] Бодликавата смрча (P. pungens) расте како доведен вид со стопанска намена.[2] Покрај нив, присутна е и омориката (P. omorika), која служи како парковско дрво, но и во шумите. Низ Македонија минува самата јужна граница на ареалот на смрчата. Природни шуми од обична смрча има во сливовите на реките Пена и Радика, како и во мало изолирано подрачје во месноста Мурите во Беровско.[1] ВидовиВо светот постојат 35 видови на смрча.
УпотребаДрво и преработкиСмрчата наоѓа примена како добро дрво за столарија и во градежништвото, и особено погодно за изработката на трупови на дрвени воздухоплови. Од ова дрво се прават многу жичени инструменти како што се гитарата, мандолината, виолончелото, виолината, резонантната кутија во средината на пијаното и харфата. Првото летало на Браќата Рајт, наречено Flyer („Летач“) било изработено од смрча.[3] Бидејќи смреката не е отпорна на гниење и штетници откако ќе се исече и трае само 12-18 месеци ако е изложено надвор. Затоа, нејзиниот дрвен маетријал се препорачува да се користи само за внатрешно уредување. Смрчата е од големо знчење за добивање на дрвена каша за изработка на хартија. Долгите конци на дрвото даваат цврст производ кој воедно лесно се бели. Храна и напитоциМладите изданоци на смрчите и боровите се богати со витамин Ц.[4] Познато е дека капетанот Џејмс Кук правел алкохолен напиток од смрчини гранчиња што го пиела посадата за да се заштити од скорбут.[5][6] Ваквиот напиток постои и денес во северна Европа и Канада. Други примениОд смолата на смрчата се правел катран пред да се појават денешните катрани од нафтени деривати. Северномериканските староседелци ги користат тенките корења за плетење на кошници и зашивање на брезова кора при изработката на чунови. Смрчата ужива популарност како украсно дрво во хортикултурата поради нејзината симетричност, и имаат често присуство во домовите како новогодишни елки (особено обичната смрча и омориката). Смрчата како мотив во уметноста и во популарната култураПонекогаш, смрчата се јавува како инспирација или тема во делата од уметноста и популарната култура, како:
Наводи
Надворешни врски
|