Почнувајќи од 1618, историјата на Прусија е потесно поврзана со историјата на Маркгрофовство Бранденбург - владетелот на Прусија бил и изборен кнез на Бранденбург (1618-1806).
Внук на Алберт III Ахил од династијата Хоенцолерн. Велемајстор на Тевтонските витези. Станал лутеранец, па од кралот на Полска ја добил световната титула „Војвода на Прусија“.
Син на Алберт I. Во 1577 е прогласен за душевно неподобен. Кога кралот Сигизмунд II Август ја придодал војводска Прусија во 1569, власта најпрвин ја имал Герг Фридрих, маркгроф на Бранденбург-Ансбах, потоа Јоаким Фридрих (1605–1608), па на крај од Јохан Сигизмунд.
По смртта на Алберт Фридрих (1618) власта врз војводството му припаднала на неговиот зет и далечен братучед, изборниот кнез Јохан Сигизмунд од старешинскиот род на династијата Хоенцолерн што владеела со Маркгрофовството Бранденбург. Иако маркгрофовството и војводството биле правно посебни единици, понекогаш во целина се нарекуваат Бранденбург-Прусија.
Син на Георг Вилхелм. Во 1657 полскиот крал Јан II Казимир го признал неговиот целосен суверенитет врз Војводството Прусија, и така тоа станало независна држава. Полска го задржала правото да ја поништи одлуката во случај да изумрат сите членови на династијата Хоенцолерн. правата на прускиот војвода и полскиот крал биле утврдени со низа договори кои се обновувале со секоја смена на владетел, сè до 1698 (крунисувањето на полскиот крал Август II).
Син ха Фридрих Вилхелм. Во 1701 бил крунисан за „Крал во Прусија“, што ја означува целосната независност на Прусија од Полска, но со суверентиет ограничен на поранешната територија на војводска Прусија.
Син на Фридрих I. Бил нарекуван „Кралот-војник“ (Der Soldatenkönig). Ја реформирал војската и ги ограничил државните издатоци што не се однесувале на војската.
Откако ја припоил Кралска Прусија со поделбата на Полска 1772, „Фридрих Велики“ ја сменил својата титула во „Крал на Прусија“ наместо „Крал во Прусија“.
Син на Фридрих Вилхелм II. Со распуштањето на Светото Римско Царство (1806), ја изгубил титулата изборен кнез („изборник“) на Бранденбург, но успеал да ги придодаде неговите територии во Бранденбург кон Прусија. И покрај загубите во Наполеоновите војни, со Виенскиот конгрес територијата на Прусија во голема мера се проширува за сметка на другите германски држави, и со тоа Прусија станува доминантна сила во северна Германија.
Син на Вилхелм II. Со поразот на Германија во Првата светска војна (1914-1918), Вилхелм абдицирал и пребегнал во странство. Ова го означува крајот на владеачката кариера на династијата Хоенцолерни.
Иако Германското Царство повеќе не постоело како монархија, неговите составни земји продолжиле да постојат како републики во рамките на Вајмарската Република. Така, Прусија била „Слободна Држава Прусија“.
Во 1932 г. германскиот канцеларФранц фон Папен извршил пуч врз пруската влада и оттогаш со Прусија управувал „рајхскомисар“:
Франц фон Папен (независен) 1932 (канцелар и рајхскомисар на Германија)
Курт фон Шлајхер (независен) 1932-1933 (канцелар и рајхскомисар на Германија)
Франц фон Папен (независен) 1933 (канцелар и рајхскомисар на Германија)
По доаѓањето на нацистите, избран е нов премиер. Меѓутоа тој имал главно церемонијална улога бидејќи покраините ја изгубиле својата автономија и станале административни единици.
По поразот на нацистичка Германија (1945) пруските покраини биле прераспределени во сојузни покраини. Во 1947 официјално престанува да постои како политички ентитет. Изворните територии на Прусија им припаднале на Полска и СССР.
Претенденти на прускиот престол
Претенденти на прускиот престол - династија Хоенцолерн