Србо Ивановски
Србо Ивановски (Штип, 1928 - Скопје, 12 март 2014) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и писател за деца. ЖивотописСрбо Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Се школувал во родното место, а дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во неколку списанија и весници, како и долгогодишен уредник во Радио Скопје. Toj e член и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар.[1] Починал на 12 март 2014 година во Скопје[2]. ТворештвоСрбо Ивановски е автор на поезија, раскази и романи за возрасни и за деца. Тој е претставник на втората македонска поетска генерација, а во современата македонска поезија се појавил во 1950 година. Негови поважни дела се:[3]
Исто така, Ивановски е познат и како автор на текстот на познатата детска песна „Елко, елко“, создадена во 1952 или во 1954 година, на музика на композиторот Тодор Скаловски.[4] Иако на почетокот од книжевната кариера бил типишен претставник на соц-реалистичката поезија, подоцна станал изразито модернистички поет. Во неговата проза доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот, со повремено свртување кон темите од НОБ, а во романот „Емигранти“ го опишува животот на иселениците.[5] НаградиЗа своите дела, Ивановски е добитник е наградите „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. За поемата „Елена“, во 2006 година ја доби наградата „Григор Прличев“.[6] За целокупниот поетски опус, во 2008 година ја доби наградата „Книжевно жезло“, што ја доделува ДПМ.[7] Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.[8] Наводи
Надворешни врскиПоезија од Србо Ивановски Архивирано на 28 октомври 2007 г. Поезија од Србо Ивановски[мртва врска] раскази од Србо Ивановски Архивирано на 8 декември 2008 г. |