Тајмир
Тајмир (руски: Таймыр или Таймырский полуостров) — полуостров на Крајниот Север на Сибир и најсеверен копнен предел на Евроазија. Сместен е меѓу Енисејскиот Залив во Карското Море и Хатаншкиот Залив во Лаптевското Море во состав на Краснојарскиот крај, Русија. На овој простран полуостров се наоѓаат езерото Тајмир и планинскиот венец Биранга. На неговиот крај е сместен ’ртот Чељускин — најсеверната точка на копнена Евроазија. НаселениеДомородни народи на полуостровот се Ненците и Нгасаните. Првите живеат претежно на далечниот север, а другите низ среден Сибир, вклучувајќи го и Тајмир. Нгасаните Живеат претежно во Уст-Авам, Волачанка и Новаја во Тајмирскиот долгано-ненецки реон на Краснојарскиот крај, а помалубројни се во градовите Дудинка и Нориљск.[1] Поради нивната оддалеченост, кај Нгасаните сè уште е зачуван шаманизмот како верско и културно обележје.[2] СтопанствоНа подрачјето на Тајмир е застапено рударството, особено со претпријатија како „Нориљски никел“ кое топи руда кај Нориљск. Полупреработената никелова руда и другите производи се превезуваат по кратка железница до пристаништниот град Дудинка на реката Енисеј, а оттаму се испорачуваат во Мурманск и други места по бродски пат. Екологија
Тајмир е последното изворно живеалиште на мошусното говедо вон Северна Америка. Сегашното население е повратено во 1975 г., цели 2.000 години по неговото изумирање во Русија.[3][4] Во 2002 г. се забележани 2.500 единки, кои веќе во 2010 г. нараснале на 6.500[5] КлимаБрегот на Тајмир е замрзнат најголем дел од годината, обично меѓу септември и јуни. Летото е кратко, особено на бреговите на Лаптевското Море на североисток. Климата во внатрешноста на полуостровот е континентална. Зимите се сурови, со чести веавици и крајно ниски температури. Временските прилики на северот на полуостровот можат да се согледаат по следниве податоци за ’ртот Чељускин.
ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|