Тони Морисон
Тони Морисон чие вистинско име е Клои Ентони Вофорд, (родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД - 2019) — американска писателка и универзитетска професорка, добитничка на Нобелова награда за литература во 1993 година за романите што се одликуваат со поетски талент и ја опишуваат суштествената страна на американската стварност. ЖивотописПотекнува од работничко семејство на Афроамериканци. Во 1953 година го завршила универзитетот „Хауард“, а во 1965 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк. Од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Принстонскиот универзитет, Њу Џерси. „Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за ликот на афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Исто така, таа била членка на Американската академија за уметност и литература. ТворештвоКако писателка Морисон дебитирала со романот „Најсиното око“ (1970), а потоа ги објавила и романите: „Песната на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), „Џез“ (1992), „Дом“, Милост“ итн. Во 1988 година, за романот „Љубена“ ја добила Пулицеровата награда, а во 1993 година и Нобеловата награда за целокупното творештво.[1] Во своите дела, Морисон претежно пишува за клучните елементи на афроамериканската култура: историјата, политичко-социјалните прашања и раскажувачкото наследство.[2] Наводи
|