Фахрудин Јусуфи
Фахрудин Јусуфи (Зли Поток, 8 декември 1939 — Белград, 9 август 2019)[1] — југословенски и српски фудбалер со горанско потекло. За репрезентацијата на Југославија одиграл 55 натпревари и учествувал на Светското првенство во 1962 година, на Европското првенство во 1960 година, каде што освоиле сребрен медал и на Олимписките игри во 1960 година, каде што освоиле златен медал. КариераУште како момче со семејството се преселил во Белград, каде почнал да тренира фудбал во нисколигашот Победа. За првиот тим на Партизан дебитирал во сезоната 1957/58 а најголемиот дел од кариерата го поминал на позицијата десен бек. Со Партизан освоил четири шампионски титули на Југославија - 1960/61, 1961/62, 1962/63 и 1964/65. Јусуфи бил играч на Партизан од 1957 до 1966 година, односно како тренер од 1987 до 1988 година. За југословенската репрезентација одиграл 55 натпревари и учествувал на Светското првенство во 1962 година, Европското првенство во 1960 година, каде што освоиле сребрен медал и наОлимписките игри во 1960 година каде што освоиле златен медал. Наводи
Надворешни врски |