Фудбалска лига на Англија Еден
Фудбалска лига на Англија Еден или позната само како Лига Еден (поради спонзорски причини уште се нарекува и Скај Бет Лига Еден) е втора највисока дивизија во Фудбалската лига на Англија, после Чемпионшип, и третото ниво севкупно во англискиот лигашки фудбалски систем, после Премиер лигата и Чемпионшип. Првото издание на Лига Еден било во сезоната 2004–2005. Претходно лигата била позната накратко како Втора дивизија на фудбалската лига на Англија и многу подолго, пред формирањето на Премиер лигата, како Трета дивизија на фудбалската лига на Англија. Лигата содржи 24 клубови кои играат помеѓу себе двапати. Првите два клуба на крајот од сезоната, заедно со победникот на плејофот, добиваат промоција во Чемпионшип, додека последните четири клуба на табелата испаѓаат во Лига Два. Последен шампион на лигата е Виган Атлетик, кој бил победник во сезоната 2021-2022. ИсторијаСегашната деноминација била применета во 2004 за да ја замени преодната Втора дивизија, назив кој се користел од 1993 до 2003, наместо класичната Трета дивизија, име со кое категоријата била позната од 1920 до 1992. Третата дивизија - Југ била инаугурирана во 1920 година, кога фудбалската лига одлучила да се прошири на југот на Англија (област на земјата каде што дотогаш имало многу малку екипи) и со тоа избрале во своите редови 22 нови клубови од Јужната лига. Ова довело до протести од неколку северни клубови, кои исто така се пријавиле да се приклучат, и на тој начин следната година била формирана подеднакво нова лига - Трета дивизија - Север - со 20 клубови. Во 1923 година, бројот на клубови и на северот, исто така, се зголемил на 22 (колку што имала и Третата дивизија - Југ), а во 1950 двете лиги имале по 24 учесници. Само победниците од двете групи имале пристап до повисоката дивизија и тоа ја отежнувало многу промоцијата во Втората дивизија. Во 1958 било одлучено наместо досегашните две лиги да се воведе единствената група во ова ниво на натпреварување, создавајќи една лига позната само како Трета дивизија, додека исклучените клубови биле собрани во нова Четврта дивизија. Така, местата кои воделе во повисок ранг станале две, додека за да се смират негодувањата на клубовите кои биле спуштени во четвртото ниво, биле утврдени дури четири испаѓања од Третата дивизија. Во 1974 механизмот бил оживеан со трета промоција, која од 1987 година се добива преку систем на играње плејоф. Во 2013 година биле усвоени правилата елаборирани од УЕФА, кои се однесуваат на финансиски фер-плеј, кои наметнуваат фиксна граница на дозволени трошоци за потпишување на играчите со клубовите.[1] ПравилаВо Лига Еден се натпреваруваат 24 екипи кои играат меѓусебно во Бергеров систем, со први и реванш натпревари, за вкупно 46 кола. По 3 поени се доделуваат за секоја победа, по 1 поен за нерешено и без поени за пораз. Во случај на ист број бодови на крајот од сезоната, за формулирање на конечниот пласман се земаат предвид следните критериуми: гол-разлика, поголем број на постигнати голови, посебен пласман во меѓусебните дуели меѓу засегнатите екипи, поголем број на победи, поголем број на голови дадени во гости, фер-плеј и доколку е се тоа изедначено на крајот ќе се игра плејоф натпревар.[2] Првопласираниот тим на крајот од сезоната ќе биде крунисан за шампион на Лига Еден и добива промоција во Чемпионшип, заедно со второпласираната екипа и победникот на плејофот, во кои учествуваат екипите кои завршуваат од 3-тото до 6-тото место во регуларниот дел од сезоната. Последните четири екипи испаѓаат во Лига Два. Формула по која се игра плејофот
Двомеч со прв натпревар и реванш, кој најпрво се игра на домашниот терен на полошо пласираната екипа во поредокот, додека подобро пласираната екипа ќе игра на домашен терен во реваншот. Во случај на еднаков број на голови во збирот од двата натпревари (не се применува правилото гол во гости), се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.
Еден натпревар, се игра на неутрален терен. Во случај на нерешено, се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали. Екипи во сезоната 2022-2023
Шампиони и промоцииУспешност по клубови
СтатистикаПласмани
УчестваВо досегашните 19 одиграни сезони на првенството, учествувале 75 клубови. Клубовите (24) кои учествуваат во актуелната сезона Лига Еден 2022-2023 се означени со болд. Учества на клубовите во Лига Еден во број на сезони:
Најдобри стрелци по сезониb Во 35 натпревари. Сезоната била скратена поради коронавирус Наводи
Надворешни врски
|