Хаџи Јусуфли
Хаџи Јусуфли или Хаџијусуфли[2] — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско. ГеографијаСелото се наоѓало на левиот брег на реката Брегалница, североисточно од с. Убого, кое се наоѓа на другиот брег. ИсторијаВо XIX век Хаџи Јусуфли било турско село в Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Хаџи Јусуфли имало 125 жители, сите Турци.[3] На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Хаџи Јусуфли (Hadži-Jusufli) како турско село.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Албанци.[5] РодовиХаџи Јусуфли било турско село. Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
ИселеништвоНајголем број од населението е иселено во Турција. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|