Хенри МилерХенри Милер (англиски: Henry Miller) (1891-1980) бил американски писател. ЖивотописХенри Милер е роден во 1891 година. Се школувал во Бруклин, а работел во Њујорк. Подоцна, работел во Париз како новинар.[1] ТворештвоМилер почнал да пишува во Париз, каде ги создал своите најдобри дела. Првиот роман, Раковиот Повратник (Tropic of Cancer) е објавен во 1934 година, а зборува за неговите искуства и доживувања во Париз. Потоа ги објавил следниве дела: Црна пролет (1936), Јарчевиот Повратник (1939) и трилогијата Розово распетие (Сексус, Плексус, Нексус).[1] Исто така, објавувал патописи и драми. Иако неговото творештво било оспорувано од некои американски критичари, денес Милер се смета за еден од најголемите американски писатели и зазема значајно место во современата светска книжевност,[1] а Раковиот повратник за еден од најголемите американски романи. Библиографија
Наводи |