Центар за мали планетиЦентар за мали планети (англиски: Minor Planet Center, MPC) — официјална светска организација надлежна за прибирање на набљудувачки податоци за мали планети (како астероиди и комети), ги пресметува нивните орбити и го објавува овие информации во билтенот Minor Planet Circulars. Организацијата работи под покровителство на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) во Смитсоновата астрофизичка опсерваторија, дел од Центарот за астрофизика, заедно со Харвардската опсерваторија.[1] Организацијата нуди низа бесплатни семрежни услуги кои им помагаат на астрономите во набљудувањата на малите планети и кометите. Целосниот каталог на орбити на малите планети исто така се нудат за слободно преземање. Покрај астрометриските податоци, центарот прибира фотометриски податоци за светлосните криви на телата. Центарит е задолжен даги ускладува истражните набљудувања во потрага по можни околуземски објекти пријавени преку семрежниот образец и наменскиот блог.[2][3] Надлежен е за препознавање на околуземјените објекти и предупредување за опасноста од судир со Земјата неколку недели по нивното откривање (погл. потенцијално опасни објекти и Центар за мали планети § Белешки).[1] ИсторијаЦентарот за мали планети е основан во 1947 г. при Синсинатскиот универзитет под водство на Пол Хергет.[4][5]:63 Со неговото пензионирање на 30 јуни 1978 г.[5]:67 установата е преместена во Смитсоновата астрофизичка лабораторија и раководното место му припаднало на Брајан Марсден.[5]:67 Од 2006 до 2015 г.[6] со неа директорувал Тимоти Спар,[7] предводејќи петчлен кадар. Почнувајќи од февруари 2015 г. на чело на центарот е привремениот директор Метју Холман.[8] ПериодикаЦентарот повремено издава астрометриски наоди од набљудувања на мали планети, некои комети и месчеини.[9] На мрежното место е достапна опширен архив на изданија во PDF. Најстарата единица во архивот е од 1 ноември 1977 г. (MPC 4937–5016).[10]
ПоврзаноНаводи
<ref> со назив „MPC-NEO-confirmation“ определена во <references> групата „“ нема содржина..Надворешни врски
Видеа
|