Share to:

 

Цигански Гробишта (Радолишта)

Цигански Гробишта

Карта

Местоположба 41°9′51″N 20°37′23″E / 41.16417°N 20.62306°E / 41.16417; 20.62306
Основни податоци
Место Радолишта
Општина Струга
Тип

 базилика  некропола


Период старохристијанско време
ран среден век
Портал „Археологија“

Цигански Гробиштаархеолошко наоѓалиште во струшкото село Радолишта. Претставува старохристијанска базилика и раносредновековна некропола. Прогласено е за културно наследство на Македонија.

На источната страна на селото, со систематски археолошки ископувања е откриена трикорабна базилика со нартекс, егзонартекс, анекси и крстилница. Ископувањата се извршени во 1954 година од археологот Димче Коцо, а завршени се во 1976 година од археологот Владо Маленко, кога се откриени раносредновековни гробови. Само нартексот и централниот кораб на наосот се покриени со подни мозаици со стилизирана флорална и геометриска декорација и животински претстави. Базиликата е датирана на крајот на V век, а некрополата припаѓа во VII до VIII век. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 398, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya