Цинцар ЈанкоЈанко Поповиќ (српски: Јанко Поповић; 1779–1833), со прекар Цинцар Јанко бил српски војвода, еден од водачите на Првото српско востание. Рани годиниЈанко е роден во 1779 во Охрид, во семејство на поп. Неговиот татко потекнувал од Долна Белица.[1][2] каде што е роден неговиот роднина Цинцар Марко Костиќ, кој исто така бил водач во востанието. Откако убил некој турчин, Јанко избегал на север околу 1800 година и се населил во Ваљево каде што станал трговец. Го добил прекарот Цинцар, поради неговото потекло.[3] Српското востание (1804-1813)Кога јаничарите од Белград решиле да ги убијат сите важни Срби во областа што ја контролирале, Јанко исто така бил затворен, но на крајот бил ослободен поради молбите на многу граѓани на Ваљево. Откако го преживеал тоа, тој веднаш се приклучил на востанието. Од 1804 до 1811 се борел против Турците главно на реката Дрина. Тој учествувал во заземањето на Карановац (денешно Краљево) во 1805, битката кај Љешница (1806) и битката кај Чучуге (1806). Бил назначен за заповедник на беќарите, неженети мажи или Срби кои дошле надвор од Србија, кои – за разлика од останатата селанска војска која не сакала предолго да ги напуштат своите села – биле најмобилниот дел од востаничката војска. Цинцар Јанко се истакнал во битката кај Мишар (1806). Во 1806 учествувал во ослободувањето на Белград. Во 1813 за време на османлиската офанзива Цинцар Јанко учествувал во одбраната на Делиград на јужниот фронт но морал да се повлече, прво во Пожаревац а потоа во Белград, од каде преминал во Хабзбуршката империја. Наводи
|