Црвен крст на Македонија
Црвениот крст на Република Македонија е доброволна, масовна и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија и дејствува и работи како невладина и непартиска организација и како единствена организација на територијата на Република Македонија. ИсторијаЦрвениот крст на РМ е формиран на 17 март 1945 година, а како самостојна невладина организација делува од 21 мај 1992 година. Црвен крст на РМ од Меѓународниот комитет на Црвениот крст е признат на 1 ноември 1995 година, а во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година како 169 членка.[1] Основни задачиОсновни задачи на националната организација се:
Работата и ексклузивноста на Црвениот крст на Македонија е регулирана со Закон објавен во „Службен весник на Р.М.” број 41/94 од 5 август 1994 г. ОрганизацијаСпоред Статутот, Црвениот крст на Република Македонија е организиран на:[2]
Раководната структура ја сочинуваат:
Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РМ е Собранието на Црвениот крст на РМ кое брои вкупно 75 члена. Мандатот на членовите во Собранието е четири години со можност за повторен избор. Собранието е составено од:
Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ е орган на Собранието кој раководи со националното друштво помеѓу седниците на Собранието. Бројот на членовите на Извршниот одбор е 15. Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае четири години со можност за повторен избор, но не повеќе од два последователни мандати. Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од четири години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати. Извршниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела. Постојани советодавни тела се:
За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните, материјално-финансиските и административно-техничките работи. За управување со стручните служби се избира Генерален секретар кој професионално ја извршува функцијата која се утврдува со Статутот. Членовите на Црвениот крст на РМ опфатени во подмладокот и младината се организираат во Млади на Црвениот крст на Македонија. Учеството на младите во организацијата на Црвениот крст на РМ се регулира со Правилник за организација и работа на Младите на Црвениот крст. Надлежностите на органите за раководење се утврдени со Статутот. Програми на Црвениот крстЦрвен крст во акција - Промоција на хумани вредностиЦрвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) претставува алатка за регрутирање и задржување нови волонтери во Општински организации на Црвен крст (ООЦК) на територијаta на Република Македонија. Програмата е поддржана од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Бирото за развој на образованието на Македонија а се спроведува преку Црвениот крст на Град Скопје. ЦКА-ПХВ со имплементирање на своите активности започнува во 1998 година, a во текот на своето постоење променил неколку модели и годишни циклуси на функционирање. Преку програмата 1.200 млади волонтери секоја година се стекнуваат со соодветна едукација за препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и самостојно организирање пракса на терен. Потоа младинците во период од 3 месеци преку директно пружање помош на ранливото население, на годишно ниво реализираат околу 150 мали проекти и помагаат на околу 3.000 лица. Преку дисеминација за знаења за Црвен крст, промоција на култура на дијалог, тимска работа и директно работење со ранливото население, како и преку изработка на мали проекти, младите волонтери се стекнуваат со едукација и мотивација за понатамошна хуманитарна пракса во рамките на организацијата. Исто така младите луѓе од различно религиозно, национално и социјално потекло имаат ретка можност заедно и преку интерактивен пристап да учат за културата, комуникацијата и за Црвениот крст. Како автори на проектот се сметаат: Екатерина Џајковска, Херби Елмази и Дарко Јорданов додека координатор на програмата е Александра Ристовски ИсторијаВо првата фаза од имплементирањето, односно до 2003 година, одржани се преку 400 нагледни часови во 84 средни училишта, во кои учествувале преку 8.000 ученици, 920 професори, а организирани се повеќе од 100 тридневни ЦКА-ПХВ работилници на кои присуствувале над 3.000 ученици, 520 професори и стотици младинци и дисеминатори на Црвен крст на Македонија. Според договорот меѓу Црвен крст на град Скопје и Министерство за образование и наука претставувано од Бирото за развој на образование, во учебната 2004/05 година проектот се изведуваше во 11 гимназии од 9 градови, во рамките на проектните активности по македонски, односно албански или турски јазик и литература, на тема новинарство или етнологија. Во учебната 2005/06 година проектот беше имплементиран во 6 училишта од 5 градови во Р Македонија, но исто така преку новиот модел за дисеминација за млади како пилот проект влезе преку општинските организации на Црвен крст Карпош, Гостивар, Охрид, Кочани и Тетово. Со започнувањето на ЦКА - ПХВ циклусот 2006/07 во септември 2006 година, ЦКА-ПХВ програма беше имплементирана во сите 34 општински организации на Црвениот крст во Македонија. После овој успешно имплементиран циклус, ЦКА-ПХВ програмата континуирано се спроведува на територија на цела Р Македонија, секоја година обучувајќи 1200 младинци на возраст од 13 до 18 години од сите ООЦК во Р Македонија. Мисијата на ЦКА-ПХВ програмата е “Промовирање култура на дијалог како основа за интеркултурно општество, преку промовирање на вредностите на Црвен крст и промовирање активни знаења, а како основа за активен пристап кон животот.“ Меѓународно искуствоПрограмата една година беше имплементирана во Србија и Албанија. Во Босна и Херцеговина започна да се имплементира во 2008 година и сѐ уште трае со поддршка на Меѓународен комитет на Црвениот крст, а по моделот на програмата развиена во Македонија. Во 2010 година програмата беше имплементирна во Шри Ланка со поддршка на германскиот Црвен крст, каде престојуваше тим од двајца инструктори кој направи проценка на состојбата и потребите, како и план на активности. Наводи
ПоврзаноНадворешни врскиМакедонски
Странски
|