Црква Пресвета Богородица кај светилникот (Цариград)
Црквата Пресвета Богородица кај светилникот - поранешна византиска капела изградена во јужниот дел од Големата палата во Цариград , именувана според светилникот кој се наоѓал до храмот[1]. Во оваа црква се наоѓале едни од најзначајните мошти од христијанските светци. ИсторијаЦрквата најверојатно била изградена во 8 век. Во оваа црква бил венчан идниот император Лав IV[2] . Храмот се наоѓал до церемонијалната палата Хрисотриклинос[3]. Во 940 година во црквата се чувале реликви од Светото копје и Вистинскиот крст, Мандалион, десната рака на Јован Крстител, сандали на Исус Христос, писмото кое ерменскиот крал Авгар V му го испратил на Исус, крпата со ликот на Исус, облеката на Исус, трнскиот венец итн.[4][5]. По заземањето на градот од Латините, голем дел од овие реликви биле пременстени во Западна Европа. За таа цел, францускиот крал Луј IX ја изградил т.н. Света капела во Париз[5], каде сместил голем дел од реликвите, купувајќи ги од латинскиот крал. Се смета дека храмот бил разрушен во времето на Латинското Царство. Наводи |