Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сливница
Рождество на Пресвета Богородица (позната како Мала Богородица, кај мештаните и како Богоројца) — средновековна манастирска црква во преспанското село Сливница.[1] Се наоѓа на околу 3 километри североисточно од селото, сместена на живописна ливада во горниот дел на Сливничка Река, опкружена со високи брда и густа дабова шума.[2] Црквата претставува главна манастирска црква на Сливничкиот манастир. Била изградена и зографисана во 1607 година. Во црквата е целосно сочувано ѕидното сликарство, поради што претставува еден од најзначајните претставници на сликарството од поствизантискиот период во Македонија.[3] МестоположбаЦрквата се наоѓа на падините под планината Баба, на околу 3 километри источно од преспанското село Сливница.[4] ИсторијаИсториски податоци скоро и да нема и е еден од ретките средновековни споменици (со исклучок на Курбиново) од оваа област, кој не бил предмет на целосно истражување и проучување.[4] Манастирската црква е изградена во 1607 година, додека манастирските конаци и другите околни објекти се подигнати пред изградбата на црквата, за што сведочи еден натпис од 1599 година, каде стои името на еден ктитор Купен од Битола.[2] Податокот за изградба и живописување на црквата во 1607 година го добиваме од натписот испишан на западниот влез одвнатре. Ова било направено во времето на игуменот Јеромонах Никанур. Како ктитори се јавуваат повеќе лица од различни места во Македонија.[4] ГрадбаХрамот претставува мала еднокорабна црква со едноставен кров на две води, без куполи и какви било украси на фасадата, како што се повеќето цркви градени во тој период.[3] Кон западната страна на црквата изграден е нартекс во 1612 година, запишан во натписот во црквата.[4] Истата година е зографисан заедно со западната страна однадвор.[4] Во XIX век бил изграден затворениот трем и камбанаријата. Манастирските конаци биле изградени во XIX век, долго време запуштени и во урнатини, а денес се обновени.[4] ФрескоживописФрескоживопис постои и на надворешните делови на црквата, особено кај нартексот на западниот дел на црквата, кој бил зографисан во 1612 година. Најголем интерес претставуваат претставата на Седмочислениците, една од најстарите претстави на најпознатите словенски просветители, и композицијата Дејсиз во првата зона, додека химната на Богородичниот акатис „О тебе радујетсја“ го зафаќа останатиот простор. Во 1645 година било извршено осликување на уништените делови на фрескоживописот од 1612 година и претставена е на тие места: Дејсизната композиција: Христос, Богородица и Св. Јован Претеча.[4] Циклусот на Акатистот почнува од источниот ѕид на припратата (нартексот). Тој почнува со среќавањето на ангелот со Марија на бунарот. Сцените продолжуваат и на јужниот ѕид Среќавањето на Марија и Елисавета и завршува со осмиот икос, како последна илустрација на акатистот во Сливничкиот манастир.[4] Јужно од западниот влез се насликани два светитела, Св. Петар и Св. Павле. Во нишата над западната врата, каде е претставена Богородица со Христос, сочуван е потписот на зографот Никола, веројатно и автор на фреските во припратата на црквата.[4] Живописот во црквата има интересни иконографски решенија и детали. Ликовите на Св. Димитрие и на другите свети воини, кои се наоѓаат на северниот ѕид во наосот на црквата се претставени во благородничка облека, слични на оние во манастирот Трескавец (Св. Теодор Тирон, Теодор Стратилат и Св. Димитрие од XV век).[4] Во олтарот на северната страна, насликан е портретот на Купен, синот на Михајло и Стојна од Битола, кои повторно се споменуваат како ктитори. Купен е насликан во свечена световна облека и претставен како младо момче. Ваквите претстави се ретки во нашите средновековни цркви.[4] ИконостасВо црквата е сочуван во изворна состојба иконостасот со престолните икони, царски двери во резба и Големиот крст во резба и дејсизната плоча од времето, кога е живописана црквата.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|