Црква „Св. Ѓорѓи“ - Куново
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гостиварското село Куново, Македонија. МестоположбаЦрквата е сместена на крајниот јужен дел на селото Куново, изградена на една мала височина.[1] Околу црквата се наоѓаат селските гробишта. ИсторијаХрамот е завршен во 1877 година[2] или во 1880 година на темели на многу постара црква.[1] Храмот бил осветен на 8 октомври 1924 година. АрхитектураФасадата и кровната конструкција се целосно обновени во 1994 со средства на црковниот одбор, а после неколку години е обновена и дрвената камбанарија и оградниот ѕид кој е покриен и е спасен од забот на времето. ФрескоживописПознатиот зограф Аврам Дичов ги насликал фреските во црквата, кои и денес се во одлична состојба. Забележително е тоа што, наместо вообичаената претстава на Витлеемската ѕвезда, во композицијата „Рождество Христово“ зографот ја насликал шеснаесеткраката македонска Ѕвезда од Кутлеш.[3][1]
ИконостасНа иконостасот се поставени 34 икони, изработени од познатиот зограф Аврам Дичов од Тресонче. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|