Црква „Св. Атанасиј“ - Модрич
Свети Атанасиј — црква во селото Модрич.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Црквата во целост е варосана во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди. ПреданијаСпоред М. С. Филиповиќ, со црквата се поврзуваат повеќе преданија. Ако чуварот на црквата заборавел да го запали кандилото, тоа самото се палело. Во турско време, вратата на црквата секогаш била отворена, така што се случило некој сејмен да упадне и украде 300 гроша. Кога се обидел да излезе од црквата, вратата била затворена и се отворила откако парите ги вратил на местото од кое ги одзел. Потоа, се верува дека сејменот ги советувал своите да работат што сакаат, но во вакуф да не чепкаат. Постои и предание дека некои Турци, кои ги навредувале иконите во црквата, ослепеле. Во време на окупацијата на Македонија во Втората светска војна, по наредба на буагрските власти била отстранета плочата со грчки натпис, по што соседното маало настрадало од силна провала; кога плочата била повторно вратена, провалата на местото престанала.[2] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|