Шенка Колозова (Добрево, Пробиштипско , 1 февруари 1947) — македонска глумица, најпозната по улогите во телевизиската серија „Македонски народни приказни“.[1]
Животопис
Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште повеќе од 20 премиери со приватниот Театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски улоги на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај глумата, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.[2]
Таа своите пензионерски денови ги поминува во село Велестово, Охрид.
Театарски претстави
- Жената — Нажалена фамилија од Бранислав Нушиќ, р. Душан Наумовски, Театар Куманово 1967;
- Командантот Сајлер од Борислав Михајловиќ, р. Благоја Андреев, Театар Штип 1967;
- Танго од Славомир Мрожек, р. Георг Трајанов, Театар Штип 1968;
- Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, р. Благоја Андреев, Театар Куманово 1968;
- Птици без јато од Душко Роксандиќ, р. Александар Ѓорчев, Театар Куманово 1969;
- Матуранти од Жозе Андре Лакур, р. Драгољиб Димовски, Театар Куманово 1970;
- Ен Дивер — Сите мои синови од Артур Милер, р. Ацо Алексов, Театар Куманово 1971;
- Електра од Софокле, р. Димитар Христов, Театар Куманово 1972;
- Алтернација — Житолуб од Коле Чашуле, р. Владимир Милчин, Македонски народен театар 1981;
- Пасквелија од Живко Чинго, р. Димитар Станковски, Театар Куманово 1981;
- Доримена — Граѓанинот благородник од Жан Батист Молиер, р. Димитар Христов, Македонски народен театар 1982;
- Голде — Свирач на покривот од Џеро Бок, р. Владо Штефанчиќ, Македонски народен театар 1983;
- Фани — Воена тајна од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, Македонски народен театар 1984;
- Чана — Рамна земја од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, Македонски народен театар 1985;
- Госпава — Мрестење на краповите од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, Македонски народен театар 1987;
- Петрија — Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски, р. Петре Прличко, Македонски народен театар 1987;
- Полина — Галеб од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, Македонски народен театар 1990;
- Алтернација — Зора на истокот од Гордан Михиќ, р. Ацо Алексов, Македонски народен театар 1991;
- Селанка — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, Македонски народен театар 1995;
- Злата — Женско царство од Шенка Колозова, р. Душко Ѓорѓиоски, Театар Колозов 1996;
- Жената — Нема да платиме од Шенка Колозова, р. Драган Велјановски, Театар Колозов 1997;
- Втора жена — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Петрос Панамас, Театае Јордан Хаџи Константинов Џинот Велес 2005;
- Кметица — Женско царство од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2011;
- Баба — Али Баба и 40-те разбојници од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2012;
- Бабата — Сказна за рибарот и златната рипка од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2014;
- Благуна — Благуна од Владо Малески, Македонски народен театар 2019.
Филмографија
Награди
- Награда за актерско остварување на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за улогата на ликот Ен Дивер во претставата „Сите мои синови“ (1971)
- Награда „Гран при“ (2006)
- Награда „Св. Јоаким Осоговски“ (2012)
- Награда „Почесен граѓанин“ на Општина Пробиштип (2017)
- Награда за животно дело „Васил Иљоски“ на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово (2020)
- Награда за животно дело за развој и афирмација на независна театарска сцена за Театар „Колозов“ (2021)
Наводи
- ↑ Ivan Ivanovski (1988). Plodovi na vremeto: teatarski kritiki za dela od makedonski avtori. Kultura.
- ↑ Шенка Колозова, Народни приказни: драматизации, Фос, Скопје, 1994.
Надворешни врски
|