Шеоба се наоѓа во Тиквешијата, на јужното подножје на Конечка Планина (Серта), северно од патот Неготино - Струмица (Р1103). Лежи на надморска височина од 300 м, а атарот зафаќа површина од 15,9 км2.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Шеоба (Šeoba) како турско село.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[6]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
39
—
1953
—
—
1961
2
—
1971
0
−100.0%
1981
0
0.00%
Година
Нас.
±%
1991
0
0.00%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Во првите децении на XX век населението стрмоглаво опаднало, сведувајќи се на 39 лица во 1948 г. Во текот на наредните години во Шеоба останале неколку жители, а во 1961 г. останале само двајца, кои не се изјасниле за нивната етничка припадност.[7] Во текот на 1960-тите селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Шеоба немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години: