800
|
Папата Лав III во Рим го крунисува франкискиот владетел Карло Велики за Свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон Бонапарт.
|
1066
|
Во Вестминстерската опатија во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I.
|
1688
|
Во Франција пребегал Јаков II, последниот англиски крал од династијата Стјуарди, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.
|
1717
|
Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ — северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица.
|
1741
|
Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создал скалата од 100 степени за мерење на температурата — Целзиусовата скала.
|
1776
|
Генералот Џорџ Вашингтон ги префрлил силите со кои командувал преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападнал германските платеници кои во Американската војна за независност се бореле на страната на Британците.
|
1903
|
Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и јазичар Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.
|
1914
|
Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни
|
1926
|
Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито.
|
1943
|
Британското министерство за надворешни работи во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот — партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. Меѓутоа, ова нема да важи за македонските партизани од ДАГ во Егејска Македонија, кои подоцна ќе бидат гонети.
|
1971
|
Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.
|
1979
|
Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.
|
1989
|
Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.
|
1991
|
Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин.
|
1991
|
Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
|
1995
|
На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со водачот на партијата Неџмедин Ербакан.
|
1995
|
Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.
|
1997
|
На Куба за првпат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба.
|
2000
|
Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.
|
2003
|
При падот на патничкиот авион „Боинг 727“ во Атлантскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.
|
2003
|
Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
|