Share to:

 

A Tribe Called Quest

A Tribe Called Quest
A Tribe Called Quest на настап во 2009. Од лево кон десно: Џароби Вајт, Кју-Тип, и Фајф Дог.
Животописни податоци
ПотеклоЊујорк, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1985–1998[3]
  • 2006–2013
  • 2015–2017[4]
Издавачи
Соработници
Мреж. местоatribecalledquest.com
Поранешни членови

A Tribe Called Quest ― американска хип-хоп група основана во Квинс, Њујорк Сити, во 1985 година.[5] [6] На почетокот групата била составена од: раперот и главен продуцент Кју-Тип,[7] раперот Фајф Дог, диџејот и копродуцент Али Шахид Мухамед и раперот Џароби Вајт. Групата се смета за пионер на алтернативниот хип-хоп и на спојувањето на џезот со хип хопот, со што влијаела на многу хип-хоп и ар-ен-би музичари.[8] [9] [10]

Групата A Tribe Called Quest се здобила со популарност како член на колективот Native Tongues, кој тие го коосновале во 1988 година. Првиот албум на групата, People's Instinctive Travels and the Paths of Rhythm (1990) бил пофален од критиката и бил прв албум во историјата кој добил оцена од пет „микрофони“ од The Source.[11] [9] Во 1991 година, групата имала успех во продажбата на нивниот втор албум со примеси на џез, The Low End Theory, албум кој силно влијаел во обликувањето на алтернативниот хип-хоп во 1990-тите.[12] Потоа групата ги објавила подеднакво успешните и влијателни албуми: Midnight Marauders (1993) и Beats, Rhymes and Life (1996), кои биле на врвот на Billboard 200. Во 1998 година, непосредно пред да го издаде својот петти албум The Love Movement, групата се распаднала. Во 2006 година, членовите на групата повторно се обединиле и следните седум години ги поминале во повремени турнеи. Во 2016 година, групата го издала нејзиниот шести и последен албум, We Got It from Here... Thank You 4 Your Service, кој добил признание од критиката и станал нејзин втор албум на врвот на Билборд 200; на него биле објавени и постхумните дела од Фајф Дог, кој починал осум месеци пред неговото објавување.[13]

A Tribe Called Quest била комерцијално најуспешна група во Native Tongues, а сите нивни албуми имаат или златен или платинест сертификат.[14] Џон Буш од AllMusic ги нарече „најинтелигентна, уметничка рап-група во 1990-тите“, [15] а Крис Екс од Pitchfork ги сметал за „едни од најдобрите изведувачи кои ги создал хип-хопот воопшто“. [16] Во 2005 година, A Tribe Called Quest добила „Награда за основачи“ на Billboard R&B/Hip-Hop Awards,[17] а две години подоцна групата добила награда на 4-то доделување на наградите Hip Hop Honors организирани од VH1.[18] Во 2017 година, групата ја добила Брит награда за меѓународна група.

Членови

  • Кју-Тип – вокал, продукција (1985–1998, 2006–2013, 2015–2017)
  • Фајф Дог – вокал (1985–1998, 2006–2013, 2015–2016; починал во 2016 година)
  • Али Шахид Мухамед – грамофони, копродукција (1985–1998, 2006–2013, 2015–2017)
  • Џароби Вајт – вокал (1985–1991, 2006–2013, 2015–2017)

Дискографија

Студиски албуми

  • People's Instinctive Travels and the Paths of Rhythm (1990)
  • The Low End Theory (1991)
  • Midnight Marauders (1993)
  • Beats, Rhymes and Life (1996)
  • The Love Movement (1998)
  • We Got It from Here... Thank You 4 Your Service (2016)

Наводи

  1. Tate, Greg (2004). „Diatribe“. Во Cepeda, Raquel (уред.). And It Don't Stop: The Best American Hip-Hop Journalism of the Last 25 Years. Farrar, Straus and Giroux. стр. 155. ISBN 9781466810464.
  2. Reed, Ryan (November 10, 2022). „Psych-Rap: A Trippy History: Inside hip-hop's legacy of mind expansion, from acid-rock to A$AP Rocky“. Tidal. Посетено на 2023-08-16.
  3. Jaleesa M. Jones (March 23, 2016). „In honor of The Five Footer: 5 musicians inspired by A Tribe Called Quest“. USA Today. Посетено на November 23, 2019.
  4. „A Tribe Called Quest reunite for performance on Jimmy Fallon — watch“. Consequence of Sound. November 14, 2015.
  5. Lewis, Miles (October 1998). „After the Love is Gone“. The Source. L. Londell McMillan.
  6. Q-Tip Red Bull Music Academy.
  7. Exclusive: Q-Tip Interview.
  8. Празен навод (help)
  9. 9,0 9,1 Ex, Kris (November 13, 2015). „A Tribe Called Quest: People's Instinctive Travels and the Paths of Rhythm“. Pitchfork. Посетено на May 1, 2022.
  10. Gonzales, Michael A. (November 15, 2016). „A Tribe Called Quest's Soundtrack to the Resistance“. The Village Voice. Посетено на April 1, 2019.
  11. Nisha (April 17, 2015). „Today in Hip Hop History: A Tribe Called Quest Releases Debut Album“. The Source.
  12. Chinen, Nate (October 17, 2007).
  13. Touré (November 2, 2016). „Loss Haunts A Tribe Called Quest's First Album in 18 Years“. The New York Times. Посетено на November 4, 2016.
  14. „A Tribe Called Quest Score First RIAA Certification in 18.5 Years for 'We Got It from Here...'. djbooth.net. Complex Music. Посетено на March 1, 2020.
  15. „A Tribe Called Quest | Biography & History“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 2021-10-08.
  16. Ex, Kris (November 16, 2016). „A Tribe Called Quest: We got it from Here... Thank You 4 Your service“. Pitchfork. Посетено на May 1, 2022.
  17. Празен навод (help)
  18. Cowie, Del F (January 23, 2008). „A Tribe Called Quest – Verses From the Abstract“. Exclaim!. Посетено на February 1, 2020.

Надворешни врски

Index: pl ar de en es fr it arz nl ja pt ceb sv uk vi war zh ru af ast az bg zh-min-nan bn be ca cs cy da et el eo eu fa gl ko hi hr id he ka la lv lt hu mk ms min no nn ce uz kk ro simple sk sl sr sh fi ta tt th tg azb tr ur zh-yue hy my ace als am an hyw ban bjn map-bms ba be-tarask bcl bpy bar bs br cv nv eml hif fo fy ga gd gu hak ha hsb io ig ilo ia ie os is jv kn ht ku ckb ky mrj lb lij li lmo mai mg ml zh-classical mr xmf mzn cdo mn nap new ne frr oc mhr or as pa pnb ps pms nds crh qu sa sah sco sq scn si sd szl su sw tl shn te bug vec vo wa wuu yi yo diq bat-smg zu lad kbd ang smn ab roa-rup frp arc gn av ay bh bi bo bxr cbk-zam co za dag ary se pdc dv dsb myv ext fur gv gag inh ki glk gan guw xal haw rw kbp pam csb kw km kv koi kg gom ks gcr lo lbe ltg lez nia ln jbo lg mt mi tw mwl mdf mnw nqo fj nah na nds-nl nrm nov om pi pag pap pfl pcd krc kaa ksh rm rue sm sat sc trv stq nso sn cu so srn kab roa-tara tet tpi to chr tum tk tyv udm ug vep fiu-vro vls wo xh zea ty ak bm ch ny ee ff got iu ik kl mad cr pih ami pwn pnt dz rmy rn sg st tn ss ti din chy ts kcg ve 
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 
Kembali kehalaman sebelumnya