Agusta A.106Во развојот на хелкоптерот се користени искуствата добиени при развојот на хеликоптерите: А.103, А.104 и А.105. По нарачка и за потебите на италјанската морнарица се изработени два прототипа и пет сериски хеликоптери, со намера за базирање фрегати на италјанската морнарица и нивна употреба во противподморничката борба, за што хеликоптерите биле опремени со опрема за акустична идентификација на подморници и за уништување подморници со две противподморнички торпеда Mk 44. Алтернативно хеликоптерот бил предвиден за поддршка на армиските сили, за што требало да биде опремен со дигалка и со можност за носење на две носилки, странично на трупот. Производството на хеликоптерот било запрено во 1973 година. Основни податоци: Тип: вооружен хеликоптер Класа: лесен Сместување: еден пилот Земја на потекло: Италија Произвдител: Agusta (Италија) Статус: прв лет во ноември 1965 година Земји корисници: Италија Техничкотактички податоци: Намена: за поддршка на морнарички сили (противподморничка борба) Мотори: еден турбински мотор Turbomeca-Agusta TAA-230, со сила од 300 кс Димензии: - Должина на трупот: 10 м - Височина: 2,5 м - Пречник на HP: 9,50 м Тежини: - Празен: 590 кг - Максимална: 1,400 кг - Корисна: 300 кг Перформанси: - Максимална брзина: 176 км/ч - Крстосувачка брзина: 167 км/ч - Макс. V во кач: 375 м/мин - Максимална висина: 2,745 м - Максимален долет: 732 км Опрема: стандарна комуникациска, навигациска и опрема за откривање подморници Вооружување: две торпеда Mk 44 или Mk 34; 10 длабочински бомби Mk 10; или 300 кг корисен товар
|