CN-ѕвездаCN-ѕвезда — ѕвезда со необично силни цијанорадикални појаси во нејзиниот спектар споредено со други ѕвезди од нејзината класа.[1] Цијанорадикалот е проста молекула од еден јаглероден и еден азотен атоом, со впивни појаси околу брановите должини 388,9 and 421,6 нанометри.[2] Оваа група ѕвезди за првпат е забележана во 1949 г. кај извесни џинови од типовите G и K од Џ. Џ. Насау и В. В. Морган[3] Потоа во 1952 г. Ненси Роман пронашла уште 4.150 вакви ѕвезди.[4] Се разликуваат од бариумските ѕвезди по тоа што немаат елементи од s-процес, и од другите видови на сјајни ѕвезди по општата слабост на својствата, освен CN-лините.[3] Вишокот сила на CN-појасите се класификува со позитивен показател на постепени искачувања од 0,5. Нула означува нормална ѕвезда и не е наведена како класа, а највисока вредност е 4, каде ѕвездата е слична на јаглеродна ѕвезда. Ѕвездите класификувани во МК-системот со претставка CN се сметаат за „силни“ CN-ѕвезди. Затоа, 42 Вага е силна CN-ѕвезда од класата K3-III CN2. Вредноста 0,5 означува рабна CN-ѕвезда, што одговара на типичните џиновски ѕвезди во јатото Хијади.[5] Наводи
|