If I Were a Boy
„If I Were a Boy“ е поп песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Компонирана е од Тоби Гад и Биси Џин. Џин веднаш снимила своја верзија на песната, но била одбиена од нејзината снимачка компанија. Ноулс потоа снимила нова верзија за нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce (2008). Песната била издадена како водечки сингл од албумот до радијата во САД на 12 октомври 2008 заедно со „Single Ladies (Put a Ring on It)“. Шпанската верзија на песната е насловена „Si Yo Fuera un Chico“ и е вклучена во албумот кој се продавал ексклузивно во iTunes Store во Шпанија и Мексико. „If I Were a Boy“ е поразлична од нејзините претходни песни бидејќи не е традиоционална Р&Б песна. Текстот на песната наведува на изразување на тага поради недоразбирањата меѓу половите и обвинение на машката страна во врската. Песната е единствена на I Am... Sasha Fierce за која Ноулс не помогнала во пишувањето. По нејзиното издавање, „If I Were a Boy“ била генерално добро-прифатена од музичките критичари кои ја пофалиле изведбата на Ноулс, емоционалните и страсните вокали и ја нарекле нејзина најдобра работа до денеска. Синглот имал голем комерцијален успех, заземајќи ги првите места на табелите во преку осум европски земји како и на третото место на Билборд Хот 100 во САД. Исто така се искачил на првото место во Обединетото Кралство со што станал најдобро продаваниот сингл на Ноулс до денес. Освоил мулти-платинеста сертификација во Австралија, во Канада, во Данска, во Нов Зеланд, во Шпанија, во Швајцарија и во Обединетото Кралство. Музичкото видео за песната е режирано од Џејк Нава во црно-бела техника. Видеото било премиерно покажано заедно со „Single Ladies“ на шоуто Total Request Live на MTV на 13 октомври 2008. Постои и видео за шпанската верзија на песната. Песната била промовирана од страна на Ноулс за време на неколку настапи во живо во телевизиски емисии вклучувајќи ја изведбата на The Oprah Winfrey Show, на неколку церемонии, вклучувајќи ги 52рите Греми Награди и нејзината светска турнеја I Am... Турнеја. „If I Were a Boy“ била преработена од американската кантри пејачка Риба Мекентајр за телевизиската програмаCMT Unplugged и студио верзија била издадена како втор сингл од нејзиниот албум од 2010, All the Women I Am. Заднина„If I Were a Boy“ била напишана од Биси Џин како и од Тоби Гад, а продуцирана од Гад и Ноулс.[1] Џин го напишала поголемиот дел од текстот на песната земајќи инспирација од тешко раскинување.[2] Еден ден додека Џин и продуцентот Тоби Гад се шетале во Тајмс Сквер, стигнале во пицерија. Додека била во искушение, Џин успеала да не јаде пица бидејќи била на диета. Потоа почнала да мисли дека кога би била момче би ја изела пицата без да жали. По идејата, таа помислила дека кога навистина би била момче, би била подобар маж кон нејзиниот бивш љубовник.[2] Гад ја охрабрил да ги сними нејзините идеи во студиото. Таму, таа дошла со текстот и мелодијата и ја снимила песната за помалку од половина час. По комлетирањето на верзијата, нејзината компанија ја одбила песната.[2] Ноулс потоа снимила нова верзија и ја ставила во првиот диск на нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce.[3] КонтроверзијаНоулс била обвинета за крадење на „If I Were a Boy“ од идната пејачка Биси Џин. Роџер Фридмен, коментирајќи на Fox News Channel, објавил профил на 14 октомври 2008 со страната на приказната од Биси Џин изјавувајќи дека таа дури и не знаела дека Ноулс ја снимила песната сè додека нејзиниот татко Метју Ноулс агресивно барал издавачки права на нејзината песна, така што тој ќе може да го стави името на Ноулс на пишувачките кредити.[4] Биси Џин на својот профил на Myspace го изразила своето незадоволство:
Откако верзијата на Џин на „If I Were a Boy“ била одбиена од нејзината снимачка компанија, Тоби Гад ја зел песната назад и почнал да им ја претставува на големи артисти.[5] На Ноулс ѝ се допаднала песната и снимила своја верзија за нејзинот албум, I Am... Sasha Fierce.[3] Fox News подоцна изјавиле дека Ноулс и Џин ги поправиле односите. Дел од нивниот договор бил дека Ноулс требало да сними дует со Џин за нејзиниот прв албум, откако таа ќе најдела сопствена издавачка куќа. Сепак, овој договор никогаш не бил спроведен.[5] Композиција
„If I Were a Boy“ е поп балада поставена во вообичаено време компонирана од забрзано темпо со 90 удари во минута,[6] и напишана во Ге-дур скалата. Стихот ја следи акордната прогресија vi-IV-I-V.[7] Вокалите на Ноулс се движат од G♯3 до E5.[6] Песната е прва на дискот I Am ... и стои како единствена песна за која Ноулс не помогнала во пишувањето. Ноулс објаснила за Essence Magazine дека „If I Were a Boy“ е поразлична од нејзините претходни песни[8] бидејќи не е традиционална Р&Б песна.[9] Таа сакала да проба нешто со посилен текст бидејќи луѓето имаат големи очекувања.[10] Ноулс потоа објаснила дека морала да ја проба песната бидејќи се сетила дека Арета Френклин рекла дека добра пејачка е онаа која знае да пее сè и да го направи свое.[8] Музичките критиачри забележале дека песната изгледа како мешавина од нејзиниот хит од 2006, „Irreplaceable“, синглот од 2007 „Big Girls Don't Cry“ од Ферги и синглот од 2007 на Кјара, „Like a Boy“.[11] Спред Леа Гринблат од Entertainment Weekly, „If I Were a Boy“ расте со мелодични настапи и непоколебливи чувства во неговиот текст.[12] Песната претежно е за тажна улога за замена на експериментот,[13] со Ноулс која раскажува за момче и како може да го третира, покажувајќи ја ранливоста на жените.[3] Таа исто така се прашува како би било да пие пиво, да брка девојки,[14] и продолжува да пее за нејзиното „ставање на прво место“ и го пее рефренот за тоа како таа би била „подобар маж“ бидејќи знае „колку боли кога [ние] ги губиме [оние] кои ги сакаме, [бидејќи] тој [нè] има земено здраво за готово.“[15] Како целост, текстот на песната наведува на изразување на тага поради недоразбирањата меѓу половите и обвинение на машката страна во врската.[11] Песната дава одличен измачен настап на Ноулс,[16] а Бил Лемб од About.com ги квалификувал нејзините вокали како исконтролирани, емоционални[11] и страсни, според Ник Левин од Digital Spy.[17] Издавање„If I Were a Boy“ и „Single Ladies (Put a Ring on It)“ биле издадени истовремено како два водечки синглови од албумот за да ги демонстрираат различните личности на Ноулс: едната која ја претставува нејзината интимна страна и другата наречена „Саша“, нејзиното алтер его кое ја претставува поагресивната и поживата личност.[18] „If I Were a Boy“, заедно со „Single Ladies“, биле веднаш насочени кон радио станиците во САД на 7 октомври 2008.[19] Сепак, двете песни биле премиерно прикажани наредниот ден.[20] Двата синглови потоа биле испратени до ритмичките радија,[21] мејнстрим радијата и до возрасните современи радија на 12 октомври 2008.[22] Дигиталната компонента на песната била овозможена на 18 ноември 2008 во САД.[23] Во Германија, „If I Were a Boy“ бил издаден како ЦД сингл со „Single Ladies“ како Б-страна на синглот на 7 ноември 2008.[24] Во Обединетото Кралство, „If I Were a Boy“ добил официјално издавање како ЦД сингл и дигитален сингл заедно со „Single Ladies“ како Б-страна на 10 ноември 2008.[25] Поради зголемената популарност, „Single Ladies“ бил издаден само како сингл за спуштање заедно со пет ремиксови на 16 февруари 2009.[25] Неколку денс ремиксови на „If I Were a Boy„ биле овозможени за набавка во САД подоцна на 10 февруари 2009.[26][27] РемиксовиШпанската верзија на песната, насловена како „Si Yo Fuera un Chico“, е вклучена на верзијата на албумот кој бил продаван на iTunes Store во Шпанија и Мексико.[28] Шпанската верзија имала официјално музичко видео уредено од оригиналниот клип исто како и за нејзината претходна песна „Irreemplazable“, шпанската верзија на „Irreplaceable“.[29] „Si Yo Fuera un Chico“ била издадена како самостоен сингл во Шпанија, маркетирана како „Si Yo Fuera un Chico (If I Were a Boy)“ за да се избегнат забуни.[30] На 23 октомври 2008, се појавил ремикс на песната со Ли Кар кој се соочил со песната, но од машка перспектива.[31] Друг ремикс со Р.Кели бил испратен на интернет на 24 ноември 2008. Во ремиксот, пејачот ѝ одговара на прашањата на Ноулс поставени во вистинската верзија. Ремиксот е поставен како тие двајца да водат разговор.[32] Критички прием„If I Were a Boy“ била генерално добро прифатена од музичките критичари кои ја пофалиле изведбата на Ноулс и ја нарекле нејзината најдобра песна досега. Рецензентот од Билборд, Чак Тејлор ѝ дал на песната позитивна оценка, пишувајќи дека „If I Were a Boy“ е „највлијателна песна“ на Ноулс по 'Listen'. Тој го пофалил нејзиниот вокален настап нарекувајќи го „воодушевувачки, ексклузивно емотивен, меланхоличен и зрел“. Тој исто така рекол дека песната „испушта мирис на Греми Награда.“[33] Бил Лемб од About.com на почетокот во прегледот на албумот изјавил дека „If I Were a Boy“ била обврзана да стане еднакво голем сингл како и 'Irreplaceable'. Сепак, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ имала потенцијал да ја прикрие со своето силно отскокнување.[34] Во посебниот преглед на самиот сингл, Лемб ја наградил песната со пет ѕвезди од можи пет, нарекувајќи ја најдобро достигнување на Ноулс и најголем напор до денес. Потоа забележал дека песната се совпаѓа совршено со нејзиниот „голем репертоар“ и содржи одличен настап кој е контролиран, но емоционален. Тој ги потврдил и изјавите на Чак Тејлор велејќи дека „If I Were a Boy“ може да ја врати Грени Наградата за Снимка на Годината за кое „Irreplaceable“ бил номиниран во 2008.[11] Сал Кинкемани од Slant Magazine рекол дека песната содржи „еден дел од 'Irreplaceable', еден дел од 'Big Girls Don't Cry' и еден дел од 'Like a Boy' од Кјара.“ Исто така напишал дека песната има потенцијал да стане успешна исто колку и „Irreplaceable“ и изјавил дека дефинитивно ќе биде голем хит на радијата.[35] Пишувачот од Allmusic, Анди Келман рекол дека „If I Were a Boy“ звучи како „водна позадина за финалето на натпревар по пеење“ и изгледа како најситакнатата песна на I Am... Sasha Fierce благодарение на текстот и измачениот настап на Ноулс.[16] Матос Микеланџело од The A.V. Club забележал дека „If I Were a Boy“ има „проформулиран“ текст кој совршено се вклопува во возрасните улоги на англиската глумица, Хејли Милс од доцните 1960-ти.[36] Ник Левин од Digital Spy на прегледот на албумот рекол дека „If I Were a Boy“ има најинтересен текст во целиот албум.[37] Подоцна, во прегледот на самиот сингл, Ник ја наградил песната со четири од пет ѕвезди изјавувајќи дека вокалите ма Ноулс во „If I Were a Boy“ се страсни и го пофалил фактот што текстот не е препишан, содржи „емоционален удар“ и многу силна мелодија која ги тера луѓето да се чувствуваат како да ја знаат песната.[17] Џона Вејнер од Blender рекол дека „If I Were a Boy“ е чудо од „бавно-готвена шунка, тажен експеримент за замена на улогите“ кој може да с докаже како корисен ако Ноулс и Џеј-Зи имале професионален успех во случај на некои проблеми во нивниот брак.[13] Рајан Домбал од Pitchfork Media ја нарекол песната „афективно и делотворно влијание на полот“.[38] Колин Мекгуир од PopMatters ја одбрал „If I Were a Boy“ за една од најубавите песни на првиот диск I Am....[39] За разлика од добрите критики, Џулијан Марсзалек од Dotmusic ѝ дал измешан преглед на песната, пишувајќи дека „If I Were a Boy“ е навистина интересно мислење за балада која ги истражува слабостите на човековата природа. Сепак, рекол дека покрај најдобрите намети на Ноулс да открие какви се мажите, таа ќе биде најдобро посоветувана да ги остави разликите меѓу половите како слатка мистерија, пред мажите да изразат желба да откријат како би било да бидат жени.[40] Слично, Стејси Андерсон од Spin не бил многу импресиониран од „If I Were a Boy“ нарекувајќи ја „сјајна“ и досадна балада.[41] Бил Лемб од About.com ја рангирал песната на петтото место на неговиот спосок на Топ 100 Поп Песни од 2008, пишувајќи: „Без разлика дали ќе се согласите или нема да се согласите со изјавите во песната, настапот на Бијонсе е зачудувачки. Ова е пример како поп-музиката може да биде предизвикувачка и значајна.“[42] „If I Were a Boy“ била номинирана во категоријата за Најдобра Странска Песна на музичките награди од 2009 во Хрватска, Porin Awards.[43] Успех на табелите„If I Were a Boy“ се искачил на стоттото место на Билборд Хот 100, според продажбите засновани на радијата на 25 октомври 2008.[44] Потоа во третата недела (8 ноември 2008), значително се искачил од шеесет и осмото место на третото место[45] и според дигиталните спуштања се искачил директно на првото место на Хот Дигитални Песни со 190,000 копии.[46] „If I Were a Boy“ станал десеттиот топ-пет синг на Ноулс на Хот 100 табелата како соло артист.[46] На 15 ноември 2008, песната паднала на петтото место,[47] каде останала уште една недела.[48] Сепак, успеала да продолжи на третото место на 29 ноември 2008,[49] а за тоа време се враќала на првото место на Хот Дигитални Песни[50] со 170,000 продадени копии.[51] „If I Were a Boy“ продал 654,000 диигитални примероци за помалку од четири недели.[51] Следната недела, песната паднала на второто место на табелата за Хот Дигитални Песни, со 160,000 спуштања бидејќи првото место го зафатил другиот сингл на Ноулс „Single Ladies (Put a Ring on It)“, кој за првпат се појавил на табелата со 204,000 продадени копии.[52] „If I Were a Boy“ ја одржувал својата позиција на третото место додека „Single Ladies“ се искачил на второто место на Хот 100 Табелата. Ноулс станала шестиот женски изведувач кој имал две песни во првите пет места.[53] „If I Were a Boy“ се искачил на третото место на Хот 100,(воедно и неговата највисока позиција) и останал таму уште две недели.[54] На 13 октомври 2009, синглот продал преку 2,000,000 копии и добил дупла-платинеста сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка.[55] Од јули 2010, „If I Were a Boy“ продал повеќе од 2,393,000 копии во САД.[56] На 2 ноември 2008, „If I Were a Boy“ бил најголемиот деби сингл на неделата на Австралиската Табела за Синглови, искачувајќи се на дванаесеттото место само според дигиталните спуштања.[57] Песната подоцна се искачила на третото место за три непоследователни недели во ноември 2008.[58] Песната за првпат се искачила на осмото место во Нов Зеланд на 27 октомври 2008[59] а највисоката позиција била второто место на која останала четири непоследователни недели во ноември и декември 2008.[60] Песната добила Платина после дванаесет недели со продадени 15,000 копии.[61] Во Обединетото Кралство, „If I Were a Boy“ се искачил на второто место на Британската Табела за Синглови со 64,554 спуштени копии на 9 ноември 2008.[62] Во втората недела, песната паднала на третото место со 57,917 копии.[63] Сепак, следната недела „If I Were a Boy“ се искачил на првото место на 23 ноември 2008 со 47,949 копии,[64] правејќи го нејзиниот четврт број-еден сингл во Обединетото Кралство како соло артист и нејзиниот шест број-еден сингл, броејќи ги и оние на Destiny's Child.[65] „If I Were a Boy“ останал во топ 5 кон крајот на 2008,[66] и станал 16 најдобро продаван сингл на годината.[67] Покрај првото место на табелата во Британија, „If I Were a Boy“ поминал 5 непоследоварелни недели на ОК Р&Б Табелата. На 18 јануари 2009, бил победен од другиот сингл на Ноулс „Single Ladies (Put a Ring on It)“. Во десеттата недела на табелата, продажбите се зголемиле на 400,000 копии и песната станала првиот Златен сингл на Ноулс во Обединетото Кралство,[68] нејзиниот најдобро продаван соло сингл и 68 најдобро продаван сингл на минатата декада.[69] Музичко видеоПозадина и концептМузичкото видео за „If I Were A Boy“ е режирано од Џејк Нава и е снимено во црно-бела техника во Њујорк Сити заедно со видеото за „Single Ladies (Put a Ring on It)“.[70] Шпанската верзија на песната е исто така издадена под насловот „Si Yo Fuera Un Chico“ следејќи го истиот концепт на англиското видео само со шпанскиот наслов врз него.[29] Ноулс рекла дека видеото е и релевантно и рефлексивно на ставот на независна жена која e изложена на многу нешта во нејзината кариера.[71] Во интервју со Билборд, Ноулс објаснила дека видеото е главно за сите мали работи кои се витални во врската и дека ќе ги отсликува сите обични нешта кои мажите ги прават за да ги повредат другите во врската, како на пример кога не се јавуваат на нивниот телефон.[72] Прикажува раскажување за еден обичен ден на еден пар (игран од NFL играчот Еди Гоинес како машки карактер и Ноулс како женскиот карактер) во заменувачка улога која е постигната и во текстот. Ова е визуелно откриено кон крајот на видеото каде се открива дека всушност мажот е полицаец и нештата што ги правел женскиот карактер за време на видеото ѝ се всушност секојдневно правени нејзе.[71] Ноулс објаснила дека гледачите на видеото прво ќе го гледаат од друга перспектива, нејзиното однесување личи на абнормално. И кога на крајот ќе сфатат дека мажот ги правел сите тие работи во претходните сцени, станува многу јасно.[18] Ноулс премиерно го прикажала музичкото видео заедно со видеото за „Single Ladies“ на шоуто Total Request Live на MTV на 13 октомври 2008.[18] Видеото и неговата кореографија биле вклучени во нејзиниот ремикс албум, Above and Beyoncé.[73] СинопсисВидеото започнува со Ноулс и нејзиниот маж и нивниот разговор составен од неколку зборови – „интимност,“ „искреност,“ „посветеност“ – и потоа ги велат зборовите – „Ти.“ „Јас.“ „Ние.“ – заедно. Кога почнува песната, Ноулс работи како полицаец и нејзиниот маж е толку поддржувачки што го прави својот доручек сам, поминува време на работа барајќи совршен подарок за нејзиниот ден и се воздржува од одење со неговите привлечни колешки за да може да биде слободен кога на неговата жена ќе ѝ заврши смената. Но таа воопшто не мисли на него. Наместо тоа, таа поминува време со нејзините колеги, претежно со нејзиниот машки партнер кој е вљубен во неа. Нејзиниот маж пробува да ѝ се јави, но таа го игнорира и му го исклучува телефонот. Подоцна, кога нејзиниот маж ќе ѝ го даде подарокот — обетки — таа ги остава и оди да танцува со нејзините колега. Нејзиниот маж се вознемурува и се соочува со неа за случката во нивниот дом, а таа глуми како тој да преувеличува за ништо: „Кога се одесуваш така,“ ѝ кажува тој, „Јас мислам дека не разбираш како правиш да се чувствувам.“ Ноулс потоа го прашува: „Зошто си толку љубоморен?. Јас не спијам со момчето.“ Потоа ситуацијата се менува и Ноулс почнува да плаче. Ситуацијата во која таа го ставаше мажот, испаѓа дека всушност е нејзината ситуација — тој е полицаец, а таа е жената која го поддржува. ПризнанијаВидеото се појавило на седумдесет и второто место на BET: Notarized Топ 100 Видеа од 2008 и на дваесет и деветтото место на Последен Повик 2008! Топ 50 Одбројувања BET J. Како додаток видеото е рангирано на 13 место на одбројувањето Заверено: Топ 100 Видеа за 2009 на BET.[74] Видеото бил номинитано на BET Наградите во категоријата за „Видео на Годината“, но наградата отишла кај „Single Ladies“.[75] Исто така добило номинација за „Најдобро Женско Видео“ на МТВ Видео Музички Награди во Јапонија во 2009 година[76] и за „Најдобро Музичко Видео“ на NAACP Сликачките Награди во 2009.[77] Музичкото видео добило Златна сертификација од Канадската Снимачка Индустриска Асоцијација во јули 2009.[78] Настапи во живоНоулс за првпат ја извела „If I Were a Boy“ на 6 ноември 2008 на MTV Европските Музички Награди.[79] Таа потоа ја зазела сцената на The Oprah Winfrey Show за да ја изведе песната на 13 ноември 2008.[80] На 16 ноември 2008, придружена со бенд во живо, Ноулс испеала сплет од „If I Were a Boy“, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и завршила со „Crazy in Love“ за време на последната епизода на Total Request Live.[81] Потоа ја извела песната на финалето на The X Factor во Обединетото Кралство.[82] Ноулс исто така ја извела „If I Were a Boy“ на 31 јануари 2010 на 52ите Греми Награди и го преработила хит синглот од Аланис Морисет, „You Oughta Know“ на истиот настан. Носела футуристична, црна облека со чевли.[83] Како додаток на тие настапи на песната во телевизиските појави, Ноулс ја вклучила песната во сет-списокот на I Am... Tour. Кога Ноулс ја извела песната во Санрајс, Флорида на 29 јуни 2009, носела златно трико. Додека пеела зад неа се појавувале различни анимации и друга екипа од танчери и музичари.[84] Ноулс била придружена од двајца тапанари, двајца клавијатуристи, еден тапанар, дувачка секција, три позадински вокали наречени Mamas и водечки гитарист, Биби Мекгил.[85] Песната била вклучена на албумот во живо на Ноулс, I Am... World Tour како дваесет и деветта песна.[86] Лажна касетаНа 21 април 2009, Хауард Стерн пуштил неуреден микс на настапот во живо на „If I Were a Boy“ на појава во Today во ноември 2008:[87] „Ако некогаш сте се запрашале како звучи мачка кога е задавена тогаш ќе го сакате неуредениот настап на Бијонсе Ноулс на Today Show минатата година.“[88] Според статија издадена од MTV Networks, настапот бил жалосен во тоа време.[87] Следното утро, Ноулс коментирала за обвиненијата ексклузивно на MTV Вестите и рекла дека изјавата била смешна: „[...] Само што слушнав за ова денеска — и ја немам слушнато [снимката] но звучи целосно смешно. Сите ме имаат слушнато и тоа претставува совршен тајминг, бидејќи ќе одам на шоуто Today утре и ќе ја пеам 'Halo' или утре можете да ме гледате во живо на Дејвид Летерман! Претставува совршена промоција, на кого и да му дошла идејата.“[87] Подоцна за време на истиот ден, менаџерот и таткото на Ноулс, Метју Ноулс дал изјава дека снимката била менувана:
За време на попладнето, страницата TMZ.com изјавила дека касетата била измама.[87] TMZ рекла дека човекот кој сакал да ја направи измамата не успел, велејќи, „Малку е лудо. Никој кој е при својот мозок нема да звучи така и никој нема да охрабри некој таков да пее.“[89] На крај, Ноулс била официјално оставена од гласините за нејзиното лошо пеење.[87] Верзија на Риба Мекентајр
Песната била преработена од американската кантри пејачка Риба Мекентајр на телевизиската програма Unplugged на Кантри Музичката Телевизија.[90] Преработката била придружена со музичко видео кое премиерно било прикажано на 18 јуни 2010 и ја прикажува Мекентајр која ја пее песната во живо.[91] Кон крајот на 2010, таа снимила студио верзија и ја издала како втиориот сингл од нејзиниот албум од 2010, All the Women I Am, кој е нејзиното второ издавање на дивизијата на Valory Music Group, Big Machine Records.[92] Мекентајр открила дека оригинално сакала да преработува само нејзини сопствени хитови. Сепак, нејзиниот сопруг-менаџер, Нарвел Блаксток сакал таа да ја преработи песната. Блаксток дошол со помислата дека таа може да сними сопствена верзија на „If I Were a Boy“ од Ноулс.[93] Зборувајќи за нејзината верзија на песната, Мекентајр рекла:
Мекентајр ја извела песната на CMA наградите на 10 ноември 2010.[95] Музичко видеоОфицијалното музичко видео било премиерно покажано на Oprah.com на 28 февруари на полноќ, а веднаш по него следувало ексклузивно интервју.[96] Видеото било режирано од Петер Завадил.[93] Критички приемВерзијата на Мекентајр била добро прифатена од музичките критичари. Џесика Филипс од магазинот Country Weekly ја нарекла верзијата на Мекентајр „душевен, кантри поглед на љубовта од машка перспектива“.[97] Стив Морсе од The Boston Globe рекол дека Мекентајр ја „превела“ песната „уметнички на кантри начин“,[98] и Алисон Стјуарт од Washington Post рекол дека е „фантастична“.[99] Том Јурек од Allmusic бил помалку поволен, велејќи дека е „непрепознатлива“ во споредба со оригиналната, додавајќи, „Не содржи ништо од оригиналната драма; на неговото место падна со обидот да биде нежна рок балада.“[100] Пишувајќи за The 9513, Блејк Болдт помислил дека песната била „погрешен чекор“ и рекол дека „докажува дека дури и музичка легенда не може да издржи секаква тупаница“.[101] Успех на табелитеСледејќи го настапот во живо на CMA наградите, песната се искачила на шестото место на табелата Хот Кантри Песни на 27 ноември 2010.[102] Повторно влегла на табелата на шеесетто место кон крајот на неделата на 29 јануари 2011,[103] а највисоката позиција била на 22 место во април 2011.
Формати и списоци на песни
Кредити и личности
Табели
Табеларна процесија и сукцесија
Историја на издавање
Наводи
|