The World Needs a Hero
The World Needs a Hero е деветтиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Значаен по тоа што бендот со овој албум се враќа на хеви метал корените, по комерцијалниот рок стил на нивните претходни две изданија. Албумот е издаден на 15 мај 2001 во САД, а ден претходно во европските земји. Албумот е во издание на Сануктари Рекордс, откако Мегадет се решиле да не ја продолжат соработката со Капитол. Во првата недела од издавањето, дискот се продал во 61.000 примероци, доволно да дебитира на 16. место на Билборд 200 табелата. Ова е единствениот албум на кој настапил гитаристот Ал Питрели, а втор и последен за тапанарот Џими Деграсо. На омотот се појавува Вик Ретлхед, првпат по албумот Rust in Peace од 1990. Ова било последното студиско издание на Мегадет пред нивниот краткотраен распад наредната година.
Список на песниСите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен песната „Promises“, чија музика ја создал Ал Питрели, во соработка со Мастејн.
Наводи
|