Toss a Coin to Your Witcher
Toss a Coin to Your Witcher (во буквален превод „Фрли паричка на твојот вештер“) — оригинална песна од Нетфликсовата ТВ-серија Вештерот, компонирана од Соња Белоусова и Џина Остинели, и отпеана од Џои Бејти (во улогата на Јаскиер) во втората епизода. Станала голем хит веднаш по објавувањето на серијалот кон крајот на декември 2019 година. Песната била преработена од обожавателите во видеа на Јутуб и добила нови препеви за неколку дена. ТекстТекстот е прилагоден на македонски.
РазвојПесната е создадена специјално за ТВ серијата, и не се појавува во романите на кои се заснова серијата.[1] Потеклото на песната е иницирано од сценаристот Џени Клајн, која била задолжена да го напише сценариото за втората епизода од шоуто. Утврдено е дека епизодата ќе биде воведот на поетот Јаскер (игран од Џои Бејти) за Гералт од Ривија (Хенри Кевл). Како што муабетот на Јаскир би го тормозел Гералт, писателите требале да најдат причина зошто Гералт би дозволил Јаскер да патува со него, а водачот на емисијата Лорен Хисрич дошла до идеја дека меѓу песните на Јаскер ќе има една што ќе помогне да се докаже општо мирољубивите намери на Гералт кон оние кои не му веруваат и помалку го почитуваат, што исто така би било огледало на приказната за Јенефер од Венгерберг (Ања Чалотра), волшебничка со четврт вилењачко потекло, која исто така се обидува да постапува со добро и покрај нејзиниот изглед; во епизодата, песната се изведува над слики од Гералт и Јенефер. Бидејќи Клајн била писател за оваа епизода, таа исто така била задолжена да го измисли и текстот. Покрај тоа што ја разработувала потребната поезија, Клајн ги разгледала изворните романи на „Вештерот“ и ја изненадило тоа што Гералт никогаш не бил платен за работата што ја вршел, инспирирајќи се на клучната строфа „Фрли му паричка на твојот вештер“. Клајн рекла дека откако ја смислила оваа строфа, за останатите стихови и биле потребни десетина минути за да заврши.[2] Стиховите потоа им биле дадени на композиторите Соња Белоусова и Џина Остинели да ги обработат како едни од првите музички елементи што биле направени за емисијата.[2] Тие планираа да испробаат низа стилови за да видат што најдобро одговара на песната но сочувувајќи некои елемент, вклучувајќи и можен рап стил.[3][4] Како и да е, еден од нивните најрани обиди им удрил во глава и тие решиле да го задржат тоа, работејќи во текот на следните осум месеци да го добијат вистинскиот звук што го посакувале, доведувајќи низа музички инструменти од целиот свет за тестирање. Конечната снимка за песната користена во шоуто била направена во Лондон на 4 јули 2019 година, во момент кога Бејти бил болен, иако Белоусова му дала заслуги на Бејти за тешкиот труд на неговиот пат низ неа за да им даде доволно материјал за да можат да работат со тоа. Кога завршното правење на емисијата било направено околу шест месеци подоцна, Бејти извел усна синхронизација за песната.[4] Бидејќи Нетфликс ја објавува својата содржина со превод на повеќе јазици, песната е официјално преведена и изведена на најмалку 12 други јазици: полски, чешки, јапонски, германски, руски, француски, италијански, португалски, унгарски, шпански, латински шпански и турски.[5] Нетфликс објави официјална верзија на песната до дигитални и стриминг музички услуги на 22 јануари 2020 година.[6] СодржинаСтиховите на песната се засноваат на настаните од втората епизода на емисијата, што е исто така првата средба со поетот Јаскер (автор на песната во светот на Вештерот) и Гералт од Ривија, насловниот вештер и главниот протагонист на емисијата.[7] ВлијаниеПесната станала многу популарна за неколку дена, станала вирален хит веднаш по објавувањето на серијата.[8] Песната била преработена стотици пати од обожавателите, на YouTube видеа со што некои преработки добиле милионски прегледи,[4][9] додека корисниците создале модови за да ја закачат песната во адапциите на видео игрите Вештерот.[10] Некои препеви се неофицијални преводи на различни јазици, на пример, изведувањето на песната на полскиот шлески дијалект се здобил со популарност кај полските Интернет-корисници.[11][12] Композиторите на песната Белоусова и Остинели биле задоволни што виделе толку многу различни верзии од обожавателите, бидејќи сметале дека обожавателите ја попримиле истата забава што тие ја искусиле експериментирајќи во различни стилови што ги пробале за песната.[2] Клајн била воодушевен од тоа колку брзо песната ги привлекла обожавателите, и им признала на Белоусова и на Остинели за создавање привлечена композиција. Серијата беше премиерно прикажана на 20 декември 2019 година, но Нетфликс е критикуван поради тоа што не ја објавил песната официјално, без официјално објавување надвор од објавувањето на SoundCloud до 22 јануари.[6][7][13][14] Ова одложување било опишано како необјасниво и како пропуштена можност за рекламирање.[15] Глумецот Џои Бејти кој ја отпеа песната ја нарече „највознемирувачкото нешто што сум го чул досега, толку е привлечно... Ја носев во мојата глава осум месеци“.[3] Четири верзии на траката се прикажани во Службената табела за продажба на синглови на Обединетото Кралство. На 10 јануари 2020 година, Самуел Ким со верзијата на Блек Гриф0н дошол до 93.место, додека верзијата на Џони Ловато дошла до 99.[16] Потоа, една недела подоцна, препевот на Ден Васк стигнал до број 80.[17] Конечно, првичната верзија била прикажана една недела подоцна, на бројот 38.[18] Музички списоци
Наводи
Надворешни врски
|