Ќе запознаеш висок, црн туѓинец (филм)Ќе запознаеш висок, црн туѓинец (англиски: You will meet a tall dark stranger) е американско-шпански игран филм од 2010 година, во режија на Вуди Ален (Woody Allen), кој исто така е автор и на сценариото. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Наоми Вотс (Naomi Watts), Антонио Бандерас (Antonio Banderas), Ентони Хопкинс (Anthony Hopkins), Џош Бролин (Josh Brolin), Гема Џонс (Gemma Jones), Фрида Пинто (Freida Pinto) и Полин Колинс (Pauline Collins). Како продуценти на филмот се јавуваат: Mediapro, Versátil Cinema, Gravier Productions итн. Филмот трае 98 минути, буџетот на филмот се проценува на 22 милиони долари, додека заработката во САД изнесувала само 3,2 милиони долари. Исто така, филмот добил различни оценки од филмските критичари, кои истакнувале дека, наспроти одличните глумци, филмот е далеку од најдобрите остварување на Ален.[1][2][3] СодржинаВо филмот се прикажува судбината на два брачни пара: Алфи (го игра Хопкинс) и Хелена (ја глуми Џонс), од една страна, и нивната ќерка Сали (ја игра Вотс) со мажот Рој (го глуми Бролин). Алфи запаѓа во средовечната криза и ја напушта Хелена. Таа паѓа во депресија и се обидува да се отруе со апчиња. За да не мисли на разводот, нејзината ќерка Сали ѝ средува сеанси кај една гатачка, која постојано ја лаже Хелена, претскажувајќи ѝ само убави нешта. Така, Хелена добива волја за живот и дури запознава и еден постар господин со кого одлучува да го продолжи животот. Алфи, пак, се однесува сосема спротивно: изнајмува стан и се оженува со една згодна проститутка, која постојано му ги цеди парите. Со текот на времето, Алфи ја сфаќа грешката и кога ќе ја фати својата жена во прељуба, ја моли поранешната жена да му се врати, но таа го одбива.
Наводи
|