Гургурница
Гургурница — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Сместено е во сливот на реката Треска. Географски, Гургурница припаѓа на областа Порече, но историски се води како дел од Полог. Потекло и значење на иметоИмето Гургурница означува „камен на камен“. Географија и местоположбаОва високо село се наоѓа во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Брвеница, помеѓу источната падина на планината Сува Гора и долината на реката Треска, а чиј атар се допира со териториите на општините Македонски Брод и Желино.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Тетово е оддалечено околу 35 километри.[2] До селото се стигнува преку асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2233 кај селото Стенче. Селото се наоѓа на многу незгодна местоположба, бидејќи е сместено на падина на тесна варовнична косина, под која настанува долината на Гургурничка Река. Во минатото, мештаните добивале вода за пиење од пет бунари во селото.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Осој, Лака, Крушевица, Кодра Наљт (Високо Брдо), Кафелница, Чардак, Падишта (од Подишта), Склепа, Честак, Корија, Велковица, Штрунга, Равша, Букурци, Ми Корија (Под Корија) и Лом.[3] Селото има многу збиен тип и неговите куќи се групирани во две маала: Касамоско и Кацаноско. Имињата на маалата се по најстарите родови.[3] Од работ на западната страна на висорамнината на атарот на селото се гледа Полошката Котлина, а од самото село на источната страна од висорамнината се гледа текот на реката Треска со езерото Козјак. За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, забележал дека се наоѓа на 1 ¼ час од Седларево и како и тоа село сместено е во Сува Гора.[4] ИсторијаКон крајот на XIX век Гургурница е село в Тетовска каза на Османлиското Царство, во тоа време селото се викало Кркорница и имало 276 жители арнаути муслимани. Според други извори од 1929 година Гургурница — село во Седларевската општина во Долнополошкиот срез и имало 73 куќи со 300 жители Македонци. За време на балканските војни, селото било под различна окупаторска власт: бугарска, српска. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[5] На почетокот од втората светска војна, 1941 година, селото било под италјанска окупација. Подоцна било поделено помеѓу бугарскиот и италијанскиот окупатор. Броело околу 100 куќи од кои осумдесетина биле под италијанска управа а триесетина под бугарска управа. Месното население било постојано тероризирано од страна на окупаторските власти. Во атарот на селото делувал и Џемо Хаса со своите соработници Ариф Капетани, Сабри Саларева и Шехип Љаља. Многу селани доброволно се придружиле на одредите формирани од страна на Џемо. Партизанските сили исто така делувале во атарот на селото, пред сè одредите од Поречкиот и Тетовскиот крај. После завршувањето на војната во овој крај се воделе интензивни борби заради разбивање на одредите на Џемо Хаса. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гургурница живееле 276 жители, сите Албанци.[3] Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Гургурница — село во Седларевска општина во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 300 жители, Македонци.[6] На пописот од 2002 година, селото имало 1.556 жители, од кои 1 Македонец, 1.549 Албанци и 6 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 954 жители, од кои 1 Македонец, 863 Албанци и 90 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГургуница е албанско село. Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Иинституции и култура
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 2036 и 2036/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.522 гласачи.[16] Редовни настаниПоследните неколку години, во мај, од кај Гургурничките бачила започнува планинарски марш кон месноста Живкови Рупи и врвот Луковец од каде има прекрасен поглед на поречието и поречките села. Од месноста Живкови Рупи маршот продолжува до блиските поречки села: Требовље, Здуње и др. Учесници на маршот се членови на планинарски спортски друштва од Општина Брвеница и Тетово. Збирно место на учесниците на маршот е малото Јурија во с. Брвеница од каде со моторни возила преку Радиовце и Стенче се пристигнува до Гургурница и Гургурничките бачила. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|