Крсто АндоновKрсто Бинов Андонов (Витолиште, Прилепско, 1886 - Прилепско, 1918) — македонски општественик, просветен деец, етнограф и стихотворец[1]. ЖивотописАндонов се претпоставува дека е роден околу 1886 година, зашто податокот што е впишан во белешките за неговиот живот очигледно е груб превид на нивниот составувач.[2] Тој е син на македонскиот деец и даскал Бино Андонов. Прво се школувал во Цариград, но поради недостиг на средства се префрлил во Битолската гимназија којашто ја завршил во 1908 година. Негови учители биле Јордан Бадев Јанашлиев, подоцнежен администратор на весникот „Свободна реч“ во Софија, Петар Киров и Милан Небреклиев, кои по 1913 година стануваат преподаватели во машката гимназија во Хасково. Уште пред да го оформи гимназиското образование Крсто Андонов учителувал во Бешиште (1904-1905), во време кога грчките андарти атакувале врз селото настојувајќи да го зацврстат своето влијание во Мариово. Подоцна тој учителувал во родното Витолиште и во селото Палчиште. Токму во тие години комитството во Мариовскиот регион зема широк замав спротивставувајќи им се жестоко на туѓинските пропаганди. За разлика од татка си, кој бил идеолошки лабилен, Крсто пројавува видни симпатии кон револуционерното движење и активно го помагал. Понесен од илузиите дека со натамошна интелектуална надградба на сопствените духовни потенцијали ќе може да се вивне над тривијалноста на средината во којашто живее, тој се обидува во Белград да издејствува за себе стипендија од српската власт и откако не успева во својата намера се враќа пак во Македонија. По трагичната смрт на татка си, во текот на 1916-1918 година, обавувал должност на секретар-даночник во родното село Витолиште. Бил биен во април 1918 година кај Живовската Река, при патувањето од Витолиште за Живово, за да им испорача парична помош на семејствата кои имале свои регрути во војската. Мотивите за овој злосторнички чин остануваат неразјаснети. Можеби затоа и неговите убијци никогаш не се фатени од тогашните официјални власти. Библиографија
Наводи
|