Римско-партска војна (58-63)
Римско-партски војна (58—63) – војна водена меѓу Римското и Партското Царство за контрола над Ерменија. Завршена била со нерешен исход. ВојнаЕрменија била важна тампон држава на границите на двете царство. Оваа војна претставува прв поголем судир меѓу Партија и Рим уште од времето на Антониевиот поход. Причина за избивање на војната бил походот на Партите на Ерменија која била римска клиентска држава уште од владеењето на царот Октавијан Август. Партите во 52/53 година го наметнале својот принц Тиридат за крал. Римјаните на почетокот на војната имале сјајни успеси под команда на војсководецот Гнеј Домициј Корбулон. Меѓутоа не успеале да ги искористат. Партите закрепнале и им нанеле катастрофален пораз на Римјаните кај Рандеја. Борбите продолжиле со променлив исход до склопување на мировен договор кој претставувал компромис. Римјаните се согласиле Тиридат да остане крал на Ерменија и да ја започне владејачката династија (аршакидска), но претходно морал да добие формална потврда од царот Нерон. Со тоа симболично себеси се прикажал како римски вазал. ПоврзаноНаводи
Information related to Римско-партска војна (58-63) |