СветилникСветилник — градба што се подига на брегови, острови, стени, за да им биде ориентир на морските пловни средства. историјаПрвите светилници ги изградиле Египќаните и меѓу нив е прочуениот Фарос во Александрија, на устието на реката Нил. Овој светилник спаѓа меѓу Седумте светски чуда на античкиот свет. Во Америка, првиот светилник е подигнат во 1716 година, а светлината се добивала со горење дрва, т.е. се ложел вистински оган. Подоцна светилниците користеле гас и ацетилен. Светилник на електрична енергија е реализиран во 1858 година. Тогаш веќе се користеле огледала и леќи заради подобро снопење на светлината. Покрај тоа, за време на магла се користат сирени, но и вртежни светла. Светилници кои користеле и радиосигнал почнале да се користат уште од 1921 година, а првпат биле примените во Њујорк, САД. Денес, радиосигналот се користи и за ориентација на авионите. Светилникот како симбол го користат тајните друштва, а во своето лого го користи и познатиот семрежен пребарувач „Нетскејп“. Светилникот како тема во уметноста
ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|