Хари Кјуел
Хари Кјуел (роден на 22 септември 1978 во Сиднеј) — австралиски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Моментално работи како асистент тренер во Селтик.[4] Во својата долга кариера, која траела речиси 20 години, Кјуел играл за само шест екипи Лидс Јунајтед, Ливерпул, Галатасарај, Мелбурн Виктори, Ал-Гарафа и Мелбурн Харт. Неговот најголем успех во клупскиот фудбал со сигурност е освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година. Како трикратен добитник на наградата Фудбалер на годината на Океанија, Кјуел, исто така, се смета за најдобриот и најталентираниот играч на австралиската репрезентација на сите времиња.[5][6][7][8] Наречен The Jewel (скапоцен камен), поради неговата суперфина техника, но и поради неговата кревкост, тој го имал своето деби за репрезентацијата во 1996 година и одиграл 58 натпревари постигнувајќи 17 гола. Играл за Австралија на Светското првенство 2006, Светското првенство 2010, Купот на конфедерации во 1997 година, Азискиот куп 2007 и Азискиот куп 2011, последното загубено во финалето од Јапонија. Титули
Наводи
Надворешни врски
|