Љубица СтанковскаЉубица Станковска (Тетово, 10 февруари 1943) — македонски филолог, научен советник во ИМЈ „Крсте Мисирков“[1] и потоа во Институтот за старословенска култура во Прилеп. ЖивотописСтанковска е родена во Тетово на 10 февруари 1943 година. Магистрирала на темата „Застапеноста на суфиксот -ец (-овец/-евец) во македонската топонимија“ во 1974 година, а докторирала на „Македонскиот топонимиски систем до XVI век“ во 1985 година. Научна преокупација и е македонската ономастика. Имала студиски престои во Чешка (1968), Русија (1970) и Полска (1979)[2]. Во 2003 ја добила наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката за трудот "Суфиксите -јб, -бјб, -ч во македонската топонимија"[3]. БиблиографијаАвтор е на над сто библиографски единици. Од кои позначајни се:
Наводи
|