Чешка
Чешка Република (ЧР; чешки: Česká republika, ČR) или скратено Чешка (чешки: Česko) или многу ретко Чехија[6] — земја без излез на море, која се наоѓа во Средна Европа. Републиката граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. Прага (чешки: Praha), е голема туристичка атракција, главен град на Чешка и нејзин најнаселен град. Чешка се состои од три историски области: Чешка (Čechy, наречена и „Бохемија“), Моравија (Morava) и Шлеска (Slezsko), ова тројство е присутно и на државниот грб. Членка е на НАТО, а од 1 мај 2004 и на Европската Унија. Откако Чехословачка се распадна во 1992 година, Министерството за надворешни работи на Чешка го предложи англиското име Чехија во 1993 година, додека Чешката влада го одобри ваквиот предлог дури во 2016 година.[7] Етимологија на имеИсторијаПраисторијаТериторијата на денешна Чешка била населувана уште од најстари времиња. Според археолошките истражувања, на овие простори постоел живот уште пред 28.000 години п.н.е. Во 3 век п.н.е. Чешка била населена до келти, а од 1 век германските племиња. Населување на словенитеВо текот на 5 век и 6 век, на територијата на денешна Чешка се населиле словенските племиња. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежевството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ростислав I. Во почетокот на 10 век за првпат била создадена чешката држава. Во 12 век Чешка станала кралство во составот на Светото Римско Царство. Среден векВажни периоди од историјата на Чешка се националното ослободително движење и антикатоличкото движење во првата половина на 15 век. Во 1526 година, Чешка била вклучена во составот на Хабсбуршката империја, како автономна област. Чешка во 1867 година била вклучена во составот на Австроунгарија, а по распаѓањето на Австроунгарија во 1918 година се соединила со Словачка образувајќи ја Чехословачка. ЧехословачкаНа почетокот на 1939 година, Нацистичка Германија ја окупирала Чешка, создавајќи ги Чешка и Моравија. На 9 мај 1945 година, Црвената армија ја окупирала Чешка, и по војната повторно е создадена Чехословачка. 1918–1939Чехословачка е создадена во октомври 1918 година, т.е. по завршувањето на Првата светска војна, на територијата на Австроунгарија. Денес, таа територија ги опфаќа Чешка и Словачка, како и Закарпатската област во Украина. Чехословачка била една од најразвиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австроунгарија на нејзина територија се наоѓале најразвиените индустриски области и со тоа таа имала добра економија. Од своето создавање до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја. Еден од најголемите проблеми во државата бил етнички проблем. Втората и третата по големина етничка група, Германците односно Словаците, не биле задоволни од политичката доминација на Чесите. Покрај тоа, многу од етничките Германци и Унгарци во Чехословачка не ја признавале новата држава. 1939–1945За време на Втората светска војна, Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По Минхенската конференција во 1938 година, војските на Хитлер ги окупирале пограничните етнички германски области во Бохемија и Моравија, Унгарија добила територии населени со Унгарци во Јужна Словачка, а останатите територии на Словачка и Закарпатската област добиле статус на автономија. Чехословачка престанала да постои во март 1939 година, кога Хитлер го окупирал остатокот од Чешка, а Словачка била принудена да прогласи независност. За време на војната, Бохемија и Моравија биле протекторат на Германија, а новата словачка држава била сојузник на нацистичка Германија. Словачките војски се бореле против Русите до 1944 година кога се свртеле против властите. Ова востание е задушено по неколку месеци од Германија. 1945–1990По завршувањето на Втората светска војна, Чехословачка е обновена, сите Германци се протерани од земјата, а Закарпатската област е окупирана и подоцна припоена кон СССР. Во 1948 година Чехословачката комунистичка партија ја презема власта по парламентарни избори, а земјата паѓа под влијание на СССР. Во религиозна смисла, атеизмот бил официјален во државата. Во 1969 година Чехословачка е трансформирана во федерација составена од Чешката Социјалистичка Република и Словачката Социјалистичка Република. 1990–1992Во 1989 година во Чехословачка повторно бил воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи според нив тоа име недоволно ја изразувала застапеноста на словаците во федерацијата. Подоцна се стигнало до компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела од 1 јануари 1993 година на Чешка и Словачка, каква е и до ден денес. Чешка РепубликаПо падот на комунизмот од 1989 година, во 1993 година Чехословачка се распаднала на Чешка и Словачка и од тоа време, Чешка е суверена држава. Во 1999 година била примена во НАТО, а од 1 мај 2004 година во ЕУ. Географија и климаЧешка е земја која се наоѓа во Средна Европа. Таа нема излез на море. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на Југ, и Словачка на исток. Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C. Политички системАдминистративна поделбаАдминистративната поделба на Чешка е остварена преку три нивоа на поделба и тоа: СтопанствоВо 2019 година, БДП по глава на жител на Чешка изнесувал 23 214 долари, со што таа била рангирана на 22. место во однос на Европа и 41. во светот.[9] Во 2018 година кефициентот Џини во Чешка изнесувал: 25,6%.[10] Во 2008 година, Чешка го вовела системот на рамен данок, но во 2014 година, тој бил напуштен и заменет со прогресивно оданочување. Население, јазик
РелигијаЧешка, заедно со Естонија, е една од најмалку религиозните популации во цела Европа. Според пописот од 2001 година, 59% од земјата се агностици, атеисти или нерелигиозни, 26,8% се Римокатолици и 2.5% се протестанти.[12] Според најновите податоци на Евробарометар од 2005,[13] 19% од Чешките граѓаните одговориле дека "тие веруваат дека постои Бог" (втора најниска стапка меѓу земјите на Европската Унија по Естонија со 16%),[14]. Култура во ЧешкаМузика во ЧешкаСпорт во ЧешкаЧешка како тема во уметноста и во популарната култураЧешка се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура, како на пример:
Наводи
Надворешни врскиПоврзано
|