Џерси
Џерси, полн назив: Бејлифство Џерси (англиски: Bailiwick of Jersey, француски: Bailliage de Jersey; џерсиски: Bailliage dé Jèrri) — автономен крунски посед на британскиот монарх во Ламанш, меѓу Франција и Англија. Се наоѓа на приближно 20 км од брегот на полуостровот Котантен во Нормандија, и 160 км од Велика Британија. Заедно со Гернзи ги сочинува Каналските Острови. Во состав на Џерси влегуваат и помалите острови Ерекуз, Ла Мот, Минкјер, Пјер де Клерк и Дирује. Зафаќа вкупна површина од 118,2 км2[5] и има 98.213 жители (2011).[6] Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската Унија, туку под суверено владение на британската круна (монархот) во својство на војвода на Нормандија, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција. Џерси има автономна законодавна, судска и извршна власт. Владата на Обединетото Кралство е надлежна за надворешните односи и одбраната. За Џерси важи начелото за слободен проток на стоки од ЕУ. Главен и најголем град е Сент Хелиер, со 33.622 жители. Џерси важи за најсончевиот од британските острови и познат е по плажите. СтопанствоСтопанството на Џерси се заснова на банкарство финансиски услуги. Со тоа, бруто-приходот по глава на жител е меѓу највисоките во светот. Во 2015 г. тој изнесувал 45.783 фунти по жител. Поголеми просечни пригоди таа година имале само Бермуда и Луксембург. Покрај тоа, застапени се туризмот и земјоделството. Во 2006 г. Џерси примил 729.000 посетители. Најважни земјоделски производи се компирот и млечните производи. ОстровиБејлифството Џерси ги опфаќа следниве острови:
Парохии
Џерси административно се дели на 12 парохии. Сите излегуваат на море и се наречени по светтците по кои се наречени нивните стари парохиски цркви:
Парохиите понатаму се делат на дваесетки (vingtaines; во Сент Уен наречени cueillettes). На чело на секоја парохија стои „конетабл“ (connétable) кој се бира од народот на секои четири години. Покрај управувањето со парохијата, има задача и да ја претставува во Собранието на Џерси. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|