Орден за заслуги (1907); Орден на Ѕвездата на Индија; Кралско општество Копли (1887) и Дарвинови медали (1892); Лондонско Линеанско друштво (1888) и Медал Дарвин-Валас (1908)
Хукер како момче учествувал во експедицијата на Џејмс Кларк Рос со која било потврдено постоењето на Антарктикот. Во текот на патувањето открил многу нови видови растенија на островите во Јужниот Океан и стекнал углед на врвен ботаничар. По експедицијата на Хималаите тој објавил значајно дело за рододендроните, а во 1865 година го наследил својот татко на местото управник на Кралската градина во Кју (Лондон). Тој станал најдобар пријател на Чарлс Дарвин и огнено ја поддржувал неговата теорија за еволуцијата.
Стандардна авторска кратенка
Стандардната авторска кратенка Hook.f. се користи за посочување на оваа личност како автор при наведувањето на ботанички назив.[1]
Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN978-608-4500-27-8. (библ.)