Претседател на Кралското друштво (англиски: President of the Royal Society, PRS) — лице кое стои на чело на Кралското друштво во Лондон и (академијатата на науките на Британија) и претседава со состаноците на неговиот совет.
По една неформална средба, Кралското друштво е основано на 28 ноември 1660 г. од група научни дејци, со замисла да се создаде „друштво за унапредување на физичко-математичките опитни изучувања“,[1] На 15 јули 1662 г. друштвото добило кралска повелба, со што е признаен неговиот статут.[2] Во основачкиот документ се вели дека прв претеседател на друштвото ќе биде Вилијам Браункер, а дека секој понатамошен претседател, по потреба, ќе се бира на денот на годишното собрание на Андреевден (30 ноември) — годишнина на друштвото.
Должностите на претседателот се опишани во втората кралска повелба, иако истата не пропишува колку време лицето може да се задржи на функцијата. Ова се должело на тоа што лицата се бирале според нивната имотна состојба и влијателност како начин на обезбедување средства. Кон средината на XIX век е решено дека претседателите мора да се бираат само на основа на научна заслуга. Почнувајќи од 1870-те е воведен обичај секој претседател да служи по пет години (со неколку исклучоци), што е горната граница на службување согласно тековниот статут на друштвото.[3]
Претседателот има службена и друштвена улога. Во минатото бил главен (но неформален) советник на владата по научни прашања. Има улога на домаќин при посета на државни и научни делегации или поединци од странство.[4]
Новоизрбраниот претседател стапува должност на годишнината на друштвото (30 ноември) или првиот работен ден по неа.[5]